ИЛИЕВСКИ СО PEAKЦИЈА ДО ВИЛМА: Рускоска ја иckаcaпила миcлата на Гоце Делчев како што ги иckacaпи мојот и говоpот на Дамовски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Обвинителката Вилма Рускоска ја искасапила мислата на револуционерот Гоце Делчев, како што ги искасапила и говорите на двајца од организаторите на граѓанските протести За заедничка Македонија, Богдан Илиевски и Борис Дамовски, пишува на Фејсбук Илиевски.

На вчерашното рочиште за политичкиот прогон за настаните од 27 април, Рускоска ги завршува воведните зборови со цитатот: „Да ги завршам овие воведни зборови со мисла од големиот Гоце Делчев: Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на толку различни страни. Една од друга по туѓа“.

Покрај тоа што го цитира Делчев, што е како Брејвик да го цитира Ганди, И ОВОЈ цитат, како и нејзините обвиненија е СЕЧЕН. Целиот цитат е

„ЈАС НЕ ПОЗНАВАМ ДРУГ НАРОД КОЈ ПОВЕЌЕ СТРАДАЛ ОД ПРЕДАВСТВАТА НА СВОИТЕ СИНОВИ-ИЗРОДИ КАКО МАКЕДОНСКИОТ….Историјата не памети друг таков
пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа.“

Аналогно, во нашето обвинение, од мојот говор беа исечени сите делови каде барам избори откако дознаваме за изборот на Талат. Од говорот на Борис цитиран во обвинението со ТРИ ТОЧКИ беше избришан делот каде вели „мора да излезат на избори“. Касапаана на еден политички ангажиран обвинител.

Зошто не ги опфатила тие делови во обвинението? Од истите причини зошто го касапела Гоце – не и одговара вистината.

Резил. Резил. РЕЗИЛ, реагира Илиевски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This