Илија Димовски: Ha дeнeшeн дeн e пoтпишaн Нејскиот дoгoвop, eднo oд гoлeмитe пpeдaвcтвa нa “бpaтcкa” Бугарија cпpeмa Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

НЕЈСКИОТ ДОГОВОР, големиот погром на населението од егејска Македонија. Денес потпишан, на 27 ноември 1919 година. 101 годишнина од првото раселување на нашите луѓе од егејска Македонија. Денес е годишнина на договорот помеѓу Бугарија и Грција за етничко расчистување на егејска Македонија. Овој договор Бугарија го потпишува по барање на Грција, пишува Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ на Фејсбук.

Димовски потсетува дека Нејскиот договор, кој од една страна става печат на Букурешкиот договор, а од друга страна, заедно со договорот од Лозана (помеѓу Грција и Турција) ја менуваат етнографската мапа на цела северна Грција, е еден од најтажните договори за Македонците во минатиот век.

„86.571 наши луѓе од егејска Македонија биле присилно раселени и пратени за Бугарија.  Бугарија, пак за возврат, присилно раселила илјадници Грци кои до тогаш го населувале целиот црноморски брег, но и дел од словенските, но патријаршиски фамилии кои живееле во градовите по јужната граница на Бугарија (Пловдив, Неврокоп, Мелник,..). Само 197 семејства од егејска Македонија доброволно се иселиле од егејска Македонија во Грција, другите сите биле присилно истерани и протерани. Овој податок е интересен за да се знае колку нашите луѓе од егејска Македонија кон ова иселување гледале дека е со добра и чесна намера.

Бугарија се ослободила од грчко и гркофонско население.

Бугарија прифатила на присилно населување на своја територија на словенско македонско население.

Овој договор е едно од големите предавства на “братска” Бугарија спрема Македонија и македонскиот народ.

Бугарија си води сметка за своите интереси, што е легитимно, а ако тие интереси паѓаат на грбот на Македонија, тоа нив не ги оптеретува многу.

Бугарија во историјата покажа дека кога бира дали да помогне на Македонија и на населението во Македонија или да и помогне на Атина, на штета на нас, таа секогаш ја бира втората опција. Има чудна гркоманска политика во Софија и тогаш и денес.

Договорот помеѓу двете држави се вика: “Конвенција меѓу Бугарија и Грција за замена и доброволна емиграција на мацинставата“.

Конвенцијата е потпишана во име на Грција од премиерот Елефтерос Венизелос, а од страна на Бугарија, од за нас добро познатиот антимакедонец Александар Стамболиски, тогашен премиер на Бугарија, набрзо потоа и ликвидиран од страна на ВМРО, и тоа од нејзина скопска чета.

П.С. Со Нејскиот мировен договор, како воена репатријација, Бугарија ја отстапува Струмица и струмичко на тогашното Кралство на СХС. Сите други граници низ Македонија остануваат исти како што е договорено со Букурешкиот договор“, напиша  Димовски на ФБ.

НЕЈСКИОТ ДОГОВОР, големиот погром на населението од егејска Македонија.Денес потпишан, на 27 ноември 1919 година.101…

Posted by Илија Димовски on Friday, November 27, 2020

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This