ИЛИ ПЛАТА ИЛИ ЌЕ СИ ОДАТ ОД МАКЕДОНИЈА: Младите специјализанти бараат плата, ако не се зakaнуваат дека ќе се иселат од државата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не усна гаранција туку законско решение со кое приватните специјализанти ќе бидат платени за тоа што го работат. Ова е главното барање од денешниот протест пред Министерството за здравство на околу 200 млади лекари запишани на специјализација пред 4 месеци. Велат дека до сега не добиле ниту денар а нивната доедукација ја плаќаат од свој џеб. Министерот за здравство им ветил дека од февруари и тие ќе земаат плата, но за тоа немаат никаков писмен договор. За да не зависат од добрата волја на политичарите побараа измени на Законот за здравствена заштита.

– Надоместокот да се исплаќа од самиот почеток на сепцијализацијата па се до нејзиниот крај. Само на то начин оваа влада ќе покаже дека се грижи за младите лекари во државата и ќе го спречи нивниот одлив во странство, вели Ева Марковска специјализант на Клиника за мочни болести.

Неисполнувањето на барањата според специјализантите нема да биде во интерес на здравствениот систем.

– Па најверојатно голем дел од нас ќе се иселат во странство, вели Марковска.

Министерот Филипче во изјава за Сител вели дека остануваат на ветувањата дадени за приватните специјализанти и од февруари и тие ќе добиваат личен доход.

– Слушнав дека бараат законски измени, меѓутоа ние ветивме надоместок од февруари и тие пари веќе се вметнати и проектирани во буџетите за наредната година, вели Венко Филипче, министер за здравство.

Според податоците од лекарската комора, годинава 163 лекари ја напуштиле земјата а лани таа бројка била 178.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This