Илиja ce yштe гo нeмa, нeгoвaтa мajкa бapa пoмoш: „Aкo нeкoj гo видeл, дa мe иcкoнтaктиpa вeднaш“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Очајната мајка Снежана Лазаревиќ се уште го бара својот исчезнат син Илија Лазаревиќ, кому од петокот попладнето минатата недела му се изгуби секаква трага.

Таа се уште преку социјалната мрежа Фејсбук споделува апели до сите кои евентуално го слушнале или виделе Илија, да ја исконтактираат.

Пред околу еден час мајката го сподели следниов апел.

„Ве молам ако некој слушнал или го видел мојот син Илија Лазаревиќ од Демир Капија, роден на 25.06 1990 година, односно има 30 години, да ме исконтактира веднаш. Споделувајте слободно“, напиша на фејсбук мајката Снежана Лазаревиќ пред еден час.

Илија во петокот попладне излегол од својот дом да прошета, и оттогаш му се губи секаква трага. Веќе неколку дена полицијата трага по 30-годишниот Илија Лазаревиќ од Демир Капија. 

Снежана и претходно споделуваше апели преку социјалната мрежа со цел некој да и помогне доколку евентуално има било какви информации за Илија. За Фокус изјавила дека минува низ агонија. Никогаш во минатото не се случило да се соочат со сличен настан. Својот син го опишува како скромен човек.

„Се вратив од работа во петокот, Илија се напи кафе, рече дека ќе излезе малку да прошета. Му реков дека наскоро ќе биде готов ручекот, ми кажа дека ќе руча кога ќе се врати. Од тогаш нема ников глас од моето дете“, рекла очајната мајка.

Појаснила дека Илија со себе носел мобилен телефон, неколку часа откако излегол му ѕвонела, но не и одговорил на повиците. Сега веќе и мобилниот телефон му бил исклучен.

„Излезе надвор облечен во темно црвена тренерка и кратки црни пантолони, сиви патики. Висок е околу 180 сантиметри, средна градба, смеѓа коса и брада… Не знам што се случува, настанот го пријавив во полиција, замолувам кој и да има информација да ми се јави, може да е било каде во земјава“, рекла мајката. Негови другари го барале низ Демир Капија, но потрагата била безуспешна.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This