Илјданици ocтанаа без paбота, ќе има и нови отпyштања од октомври?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ангел Димитров, претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, очекува од октомври да има нов бран на отпуштања во македонското стопанство.

Државната помош за исплата на плати за февруари и март беше само за да се преброди кризата до август. Сега веќе неизвеснота е толку голема што не знаеме понатаму колку работа и нарачки ќе има од Европа, вели Димитров во вестите на „Сител“.

Тој ја повика власта да формира уште еден пакет со поволни економски мерки наесен. Во изминатиот период поради ковид-кризата имаше 30 отсто отпуштања во текстилната, а 60 отсто во кожарската индустрија.

Масовно отпуштање на текстилните работници, а први „на удар“ се работниците на кои им истекуваат договорите на определно време. Првиот човек на Асоцијацијата на работодавачи вели дека состојбата е повеќе од сериозна, а последиците од Ковид пандемијата допрва ќе се почувствуваат, зашто магацините се полни, а извоз нема.

– Бројот на вработени се намалува од 30% до 50% од поранешниот број на работници. Кај нас, во најдоброто време, пред 4-5 години во двете фабрики имавме 930 луѓе, сега ќе се сведеме на 550 луѓе, изјави Ангел Димитров, претседател на Асоцијација на работодавачи.

Идното намалување на вработените ќе мора да биде по основ на прогласување на технолошки вишок, вели Димитров, за што ќе бидат во постојан контакт со синдикатот и институциите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This