ИМАМЕ ВИЗНА ЛИБЕРАЛИЗАЦИЈА, АМА ЌЕ ЈА СНЕМАМЕ: Европската унија воведува проверки кои ќе чинат 5 евра доколку сакате да влезете во Шенген зоната!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европската комисија денес предложи воспоставување на Европски систем за информации за патувањето и нивно одобрување (ЕТИАС), поради одобра контрола на патниците изземени од визниот режин, а новиот систем подразбира и електронско поднесување на барања и добивање на одобрение за влез во ЕУ кој ќе чини 5 евра

sengen

Како што се наведува во соопштението на ЕУ, земјите опфатени со визната либерализација и понатаму ќе можат да патуваат без визи, но ќе мораат да добијат одобрување за патување пред самиот излез во Шенген зоната.

За добивање на одобрението, граѓаните на земјите кои не се членки на ЕУ ќе мора да поднесат барање за патување преку оналјн апликација пред да дојдат до надворешните граници на ЕУ, а сето тоа поради проценка за ризик од нелегална миграција, безбедност или јавното здравје.

„Секое барање автоматски ќе се обработува и проверува во други информациони системи на ЕУ, како СИС, ВИС, базите на податоци на Европол и Интерпол, ЕЕС, Еуродак, ЕЦРИС, со што би се утврдило дали постојат назнаки или оправдани причини за издавање или одбивање на одобрени за патување“, се наведува во соопштението на ЕК. Доколку не се утврдат елементи кои бараат подетална анализа, одобрението за патување автоматски се издава за неколку минути од поднесувањето на барањето, а цената за одобрението е 5 евра.

Ова правило ќе се применува за сите особи постари од 18 години, а самиот систем ЕТИАС ќе управува Европската граничана и крајбрежна стража во соработка со надлежните органи на земјите членки во ЕУ и Европол.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This