„Имаме информации од претставници од Европската унија, од САД, но и од Владата: Кастриот Реџепи е убеден дека до крајот на јануари Македонија ќе ги почне преговорите со ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И покрај цврстиот став на официјална Софија пратеникот Кастриот Реџепи е убеден дека Македонија до крајот на јануари ќе ја стартува европската приказна, објавува Сител.

Пратеникот кој прво стави потпис, а потоа во последен момент се предомисли за недоверба на Владата поради убедување од европските партнери дека Македонија е пред неповторлива можност, сега повторно вели дека сите домашни и меѓународни информации се позитивни.

-Сѐ уште верувам дека е доста значаен момент. Сме многу блиску да се надминат пречките и започнеме разговори. Имаме информации и од претставници на државите од Европската унија, од САД, но исто така и од Владата. Бевме брифирани од премиерот за време на координацијата на партнерите на мнозинството кадешто беше кажано дека веќе испратен е документот како одговори на барањата за дообјаснување на некои точки кои беа пречка, рече Реџепи во изјава за Сител.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This