ИМАМЕ ПРЕМАЛКУ ЖЕНИ ВО ДЕЛЕГАЦИЈАТА: Македонија без право на глас во Советот на Европа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Зимската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа започна со верификација на овластувањата на националните делегации, при што на повеќе делегации како на Шведска, Швајцарија меѓу кои и на С Македонија им беа оспорени овластувањата поради недоволна родова застапеност, поточно недоволна застапеност на жените во составот на делегациите.

Собранието на С Македонија со 46 жени парламентарки, односно со 38,3 отсто од вкупниот состав, се наоѓа на 21-то место на светско ниво. Но во делегацијата во ПССЕ од шесте членови само 2 се жени, што претставува 30 отсто од делегацијата.

Сепак тоа не е доволно, годинашната сесија на ПССЕ започна со оспорување на овластувањата на нашата делегација, токму поради родовата застапеност во неа, односно недоволната застапеност во паневропската асамблеја во однос на составот на македонското собрание. Ова барање за оспорување на составот на делегацијата го истакна унгарската пратеничка Зита Гурчаи од групата на социјалистите и демократите. Покрај нашата земја овластувањата се оспорени и на уште неколку други земји, како Швајцарија или Шведска.

Тоа значи дека се до одлуката на ПССЕ, нашите парламентарци ќе можат да заседаваат во ПССЕ, но не ќе можат да гласаат.

Инаку на почетокот од годинашнава сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, парламентарците од 47 земји членки го избраа белгискиот сенатор Хендрик Даемс за свој претседател. Претседателството со ПССЕ е ротирачко меѓу парламентарните групи, белгискиот сенатор доаѓа од групата на Европските демократи либерали со мандат од една плус една година, тој на оваа функција ја наследи швајцарската парламентарка Лилијан Мори Паские.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This