ИМА ЗАСТАРЕН ДОЛГ ОД ВРЕМЕТО НА ЈУГОСЛАВИЈА: Извршителите сега му бараат две илјади евра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Миле Ангеловски 27 години има застарен долг од 2 илјади динари.

Како што тврди, долгот бил направен уште во времето на старата држава, односно Југославија кога се работело со чекови и кога се уште се плаќало со динари.

Известувањето за наплата на долгот го добил во 2017-та година со пресметана камата. Со камата долгот пораснал на 120 илјади денари. Решението од судот за наплата од долгот, Ангеловски тврди дека го нема, односно дека никогаш не го добил. Ниту самиот не се сеќава како е направен долгот, односно зошто два чека останале непокриени.

„Од 91-година, во 2017-та година доаѓа извршно решение, за 2 илјади денари, за два чека во Југославија, во динари, 2000 динари, ми доаѓа сума 120 илјади денари. 27 години, тогаш се испуштени се два чека можеби од мењање на држава, нешто ми е останато долг од 2 илјади динари“, вели Миле Ангеловски.

Извор: ТВ 21

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This