ИМА ЛИ ИНФОРМАЦИИ ПАЛМЕР ДЕКА ЗАЕВ ЗАМИНУВА ВО ПОЛИТИЧКА ПЕНЗИЈА: Апелиpa дека имплементацијата на Преспанскиот договор е клучна и по изборите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Не би сакал да предвидувам што би била политиката на ВМРО-ДПМНЕ при промена на власта во Македонија, но можам да кажам што ќе направат Обединетите нации што е потврдување и потцртување по гласањето. Нашата поддршка за Преспанскиот договор и негова имплементација ќе продолжи, како и поддршката за земјата на патот кон членство во Европската Унија“, изјави Метју Палмер, специјален претставник на САД за регионот на Западен Балкан, во интервју за „Вол Стрит Журнал“.

Авторот на текстот нотира дека Македонија е пред предвремени парламентарни извори од чиј исход би можела да зависи динамиката на приближување на земјата кон Европската Унија (ЕУ). Палмер запрашан дали Преспанскиот договор би бил во опасност во случај на победа на опозициската партија, одговори:

„Имплементацијата на Преспанскиот договор е клуч за прогресот на Македонија кон НАТО и кон Европската Унија. Овие нешта се испреплетени и взаемно се поддржуваат и зајакнуваат“ нагласи Палмер.

Тој потенцира дека посакува земјава да продолжи по патеката кон НАТО и изрази надеж дека Шпанија во наредните неколку недели ќе ја забрза постапката за ратификација на Протоколот за членство на земјава во Алијансата.

„Мојата надеж е дека многу скоро ќе бидеме во прилика да го прославиме влезот на Македонија како 30 членка на НАТО. Тоа би бил голем ден на кој работевме долги години“, заклучи Палмер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This