Има ли крај?: Над 117 милиони луѓе заразени со ковид-19, починaлe два и пол милиони

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Од почетокот на пандемијата во светот 117.081.668 луѓе се инфицирале со Ковид-19, а активни се над 21,8 милиони случаи, покажуваат податоците на сајтот „Ворлдометерс“ (Worldometers).

Од последици на вирусот починале 2.600.048 луѓе, а оздравеле 92.655.967.

Најголем број на заразени со Ковид-19 се регистрирани во САД – над 29,6 милиони, потоа следи Индија со повеќе од 11,2 милиони лица, Бразил – над 10,9 милиони, Русија – повеќе од 4,3 милиони и Велика Британија со над 4,2 милиони лица.

Најмногу смртни случаи се забележани во САД – над 537.000, во Бразил – повеќе од 264.000, во Мексико – над 190.000 и во Индија од последици од Ковид-19 починале поовеќе од 157.000 луѓе.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This