Има надеж, Maкедонија се буди: Колозова пpoтив коpoна пpoпусницата, обвинува дека службите ги етикетиpaaт луѓето како антивakcеpи, мерките ви се caдистички

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Граѓанската активистка Катерина Колозова, ќерка на познатиот актер Ѓорѓи Колозов која важи за голем поддржувач на либераните „прогресивни“ политики на Западот жестоко ја критикуваше идејата за корона пропусница која од 16 август, понеделник ќе почне да се употребува во Македонија со што се дискриниминираат голем број македонски граѓани.

-Прекинете да глумите! До јули имаше само синовак која никој не ви ја сака, немаше термини до средина на мај, раритет беа вакцинираните – сега ЦЕЛО население треба као да е вакцинирано па невакцинираните не ги пуштате никаде, и тие што не се по свој избор невакцинирани? А службашки формираната “Катедрала” (изгуглајте) веќе труби насекаде нарекувајќи ги сите тие луѓе антивакцери. Само креирате анимозитет, и не сте уверливи. Да, има многу “ама”, пишува таа.

Во свој претходен пост Колозова со жесток тон истакнува дека мерките се садистички.

Не сакам да се расправам и да објаснувам нијанси напразно, па го избришав претходниот пост (плус бил многу филозофски, не го разбрале) не сум против вакцина. Напротив. Но мерките се садистички: додека уште стотици илјади чекаат на вакцинација, се воведуваат мерки кои ги дискриминираат и тие луѓе, не само оние што одбиваат вакцина. Поарно задолжителна вакцина одошто социјална исклученост, подобро јасна принуда наместо лажен избор за кој сте казнети, пишува Колозова.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This