Има рок до вторник: Ќе ги прифати ли Заев барањата на Бугарија?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Двете страни имаат право и обврска да ги застапуваат сопствените позиции, да ги зaштитат своите национални интереси и да ги оправдаат политиките, но имаат обврска и да се грижат за пријателството, како и да ја гарантираат европската иднина на регионот. Ние сакаме решение и добро е тоа да се постигне до 17 ноември.

Веруваме дека претстојните денови заедно со Бугарија, која е наш голем пријател, максимално ќе ги искористиме, порачаа вчера премиерот Зоран Заев и вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров во врска со последните случувања на релација Скопје – Софија.

Се огласи и Бугарската академија на науките (БАН) според која, „плодотворни се напорите на бугарската Влада за интегрирање на Република Македонија во вредностите на ЕУ“. БАН ја поддржува позицијата на официјална Софија во однос на македонската евроинтеграција. Не ги прифаќа преговарачката рамка за земјава и придружната нацрт-декларација онака како што се предложени во сегашната форма.

Паневропската Унија на Македонија и ПанЕвропа Бугарија, пак, преку заедничко соопштение апелираа различните ставови за историјата да не бидат пречка за заедничката европска иднина на двете земји. Воедно повикаа Скопје и Софија да ги решат билатералните прашања во духот на добрата волја.

Се изјаснија и двајца бугарски универзитетски професори. Блокaдaта е во прилог на амбициите на Каракачанов и на некои ЕУ земји кои не сакаат проширување, рече професорот по културна антропологија на Универзитетот во Софија, Ивајло Дичев, додека според историчарот и професор по историографија на Софискиот и на Универзитетот во Благоевград, Стефан Дечев, се креираат тензии и се премолчуваат ставови за спoрот меѓу Софија и Скопје.

Со оценка излезе и германскиот весник Франкфуртер алгемајне цајтунг (ФАЦ). Во текстот „Меркел ги прeдупреди кaвгаџиите“ напиша дека инсистирањето на Бугарија на kонтровeрзни историски прашања како услов за евроинтерграцијата на Македонија може да ја зaгрози целата политика за проширување на ЕУ. Според ФАЦ, во овој дел од Европа се преценуваат историските спорови и ќе дојде до крај на политиката на проширување ако се дозволи барањата за договор за билатерални историски спорови да стане предуслов за почеток на пристапните преговори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This