ИМЕТО НА ТЕХНИЧКИОТ ПРЕМИЕР ЌЕ СЕ ЗНАЕ СЛЕДНИОТ ПЕТОК: Во СДСМ се одвивала опширна дебата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Името на техничкиот премиер ќе се објави следниот петок. Премиерот во заминување Зоран Заев вели дека внатре во партијата се одвива опширна дебата. Централниот и Извршниот одбор нац треба да донесат одлука и кој ќе го замени вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.ж

Царовска, која на 3 јануари заминува од функцијата министер за труд и социјална политика, не посочува дали има амбиции за технички премиер.

Царовска заедно со Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се најозборуваните имиња за технички премиер. Во меѓувреме, ВМРО-ДПМНЕ сè уште не одлучил кои ќе раководи со ресорот за труд и социјална политика и полицијата во 100 дена од техничката влада. Мицкоски пред неколку дена рече дека не се точни имињата кои беа лиферувани во јавноста додавајќи дека внатре во ВМРО ДПМНЕ сè уште не е отворена расправа по ова прашање. Мицкоски најави дека имињата ќе бидат објавени кон крајот на месецот. Покрај министерот за внатрешни работи и министерот за труд и социјална политика, согласно Законот за Влада, опозицијата предлага и дополнителни заменици-министри за финансии, земјоделство и информатичко општество.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This