ИМЕТО НЕ Е НАЈВАЖНАТА РАБОТА: Јоханес Хан ретерира – за позитивна препорака не е доволна само нова влада, името не е најважно!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Европскиот комесар за проширување и соседска политика Јоханес Хан денес изјави од Брисел дека Европската комисија ќе направи се Македонија да се врати на патот на пристапните преговори за приклучување кон ЕУ, но и дека новата влада не е доволен аргумент за преговори за членство

Фото: Спутник/Огнен Теофиловски

Хан, во очи на средбата со Заев, изјави дека Брисел очекува неопходните реформи да се спроведат, но и да се реши спорот со името Македонија, пред да почне сериозно да се размислува за членство во ЕУ.

Според неговите зборови, тој потсетил на застој во постизборниот период кој одземал доста време и сега од клучна важност е реформите да се применуваат.

За новинаритево Брисел, Хан најавил дека ќе го посети Скопје со Рајнхард Прибе.

Запрашан за приклучувањето на Македонија во НАТО и промената на името, Хан рекол дека за тоа е премногу рано да се говори, односно додал дека Брисел ќе направи се да овозможи преговори ако Скопје покаже напредок во доволна мера.

На прашањето дали мисли дека Софија и Атина се делумно одговорни за кризата во Македонија, Хан рекол дека се надева дека ЕУ ја научила лекцијата и дека ќе најде начин, за како што вели, барем почеток на преговорите.

„Што се однесува на добрососедските односи, знам дека постојат одлични лични односи помеѓу Борисов и Заев и се надеваме дека тоа ќе вроди со плод“, рекол Хан.

Инаку, додека Хан држеше прес конференција со новинарите, Заев имаше средба со шефицата на евроспката дипломатија Федерика Могерини и со претседателот на Европскиот совет Доналд Туск. Како што е соопштено од кабинетот на Заев, Могерини изразила цврста поддршка за реформските напори на новата влада и најавила дека Македонија има силен сојузник во ЕУ за спроведување на реформите.

Попладне Заев ќе се сретне и со Јенс Столтенберг, ген.сек на НАТО.

14 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This