ИМЕТО СЕ МЕНУВА СО ЗАБРЗАНО ТЕМПО: Се интензивираат преговорите за промена на името, нова средба Коѕијас-Димитров во Брисел

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата предводена од СДСМ не крие дека високо на својата агенда ја има промената на уставното име на државата. Премиерот Зоран Заев само пред една недела во свое интервју истакна дека Македонија бара ново име, а министерот за надворешни работи Никола Димитров во своето гостување на Канал 5 телевизија додаде дека преговорите ќе се интензивираат во наредниот период.

Димитров и Никос Коѕијас денеска се сретнале во Брисел. Билатералната средба се одвивала на маргините на состанокот на министри за надворешни работи на земјите од Европската Унија. Потврдата за средбата пристигна од македонското како и од грчкото МНР.

Тема на разговор ќе бидат разговорите за промена на името кои би требале да донесат резултат до крајот на месецот како и градењето доверба и добрососедство помеѓу двете држави.

Според Коѕијас, Грција јавно на САД и ЕУ им дала до знаење дека се заинтересирани за пронаоѓање решение на проблемот за името. Коѕијас истотака потенцираше дека очекува решение на проблемот со името во првата половина од 2018 година.

Македонските политичари подолго време говорат дека кое и да решение се пронајде со Грција истото ќе биде ставено на референдум за граѓаните да одлучат. Неодамна истото го изјави и грчкиот министер за одбрана Каменос, дека Грците ќе одлучуваат на референдум дали ќе го прифатат новото име на Македонија.

80 проценти од граѓаните не би прифатиле промена на името Македонија

Според објавените податоци од истражувањето „Балкански Барометар“ на Центарот за регионална соработка уште во 2016 година анкетите остануваат фактот дека доколку има референдум за промена на името 80 проценти од граѓаните би гласале против. Имајќи ги во предвид овие податоци и очекувањата на Коѕијас дека името ќе се смени во првата половина од 2018 година, очигледно е дека ниедна од двете влади не планира да организира референдум за спорот со името.

Во толку кус рок не постои доволно време за изнаоѓање на решение и организирање на референдум за истото прашање. Тоа значи дека владата предводена од СДСМ кое и да решение го изготви во соработка со Грција ќе им го наметне на граѓаните. Такво едно наметнато решение ќе биде нашминкано со влез во ЕУ и НАТО и очекуваните придовки од влезот на Македонија во овие две институции.

11 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This