ИМИЊАТА НА ГРАДОВИТЕ НЕМА ДА СЕ МЕНУВААТ: Македонска Каменица и Македонски Брод ќе си го задржат името

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Малку официјални реакции и многу шпекулации се појавија по вчерашното објавување на листата на институции на кои ќе им бидат променети имињата согласност обврските од Преспанскиот договор. На социјалните мрежи уште од синоќа „кружи“ информација дека имињата на градовите Македонска Каменица и Македонски Брод ќе бидат сменети во Национален Каменица, односно Национален Брод.

Ова дефинитивно нема да се случи бидејќи тоа никој не гбара и не е во согласност со договорот со Грција.

Имено, во него, поточно во Дел 1, Член 1, Став 3Ѓ пишува дека под промена на името не подлежат постојните сложени имиња на градовите кои ги имаат на датумот на потпишување на спогодбата, потврди владиниот портпарол, Миле Бошњаковски.

Дилеми се отворија и дали е најсоодветна промената на името на Македонската Радио телевизија која во иднина ќе се вика Национална Радио Телевизија. Во Европа има случаи каде јавните радиодифузери во своето име не го содржат и името на државата. Таков е примерот со Малта, земја членка на ЕУ каде што националниот Радиодифусер го носи името „Јавен Радиодифусен Сервис“ или скратено PBS.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This