ИМ ГИ ПОМАТИ СМЕТКИТЕ: Професионалец на чело на МВР не им дговара на кpиминaлните структури во и околу СДСМ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДСМ дава отпор на неговата професионалност. Единствени кои ќе немаат корист од неговата чиста биографија и високопрофесионална кариера градена по скалилата во Армијата се криминалните структури во и околу СДСМ. Оттука и отпорот Ковачки да го преземе МВР 100 дена пред изборите. Десетина дена пред формирање на преодната влада Спасовски ја расформира единицата Алфа, која се покажа како состав кој е способен да ги стави под контрола локалните шерифи, кои СДСМ сега има намера да ги употреби на изборите за полнење на кутиите и за застрашување на населението

Професионалец на чело на МВР им ги поматува сметките на криминалните структури во и околу СДСМ
Како заглави предлогот на Христијан Мицкоски за технички министер за внатрешни работи во правните толкувања на Уставот во СДСМ? Партијата која прекршувајќи го Уставот дојде на власт, почнувајќи од изборот на Талат Џафери за претседател на Собранието, па преку амнестиите на пратениците кои гласаа за уставните измени, и се до донесувањето на Законот за јазиците, одеднаш застанува во одбрана на – Уставот.

Селективниот пристап на СДСМ кон Уставот во јавноста создава револт. Реакциите на минситерката за правда Рената Дескоска веќе се оценети како лицемерни, а јавноста не пропушти да ја потсети дека две и пол години, односно 30 месеци во заменик-министер во Министерството за одбрана е човек кој доаѓа од структурите на одбраната.

Но, кому му пречи професионалец?
Драган Ковачки е лице со кристално чиста биографија, непознат за широката јавност, никогаш не се занимавал со политика, врвен професионалец. Зошто токму овој профил не е по вкусот на СДСМ?

Ова прашање има само еден логичен одговор. На СДСМ не му пречат името или пак презимето на Драган Ковачки. И самиот премиер во заминување Зоран Заев на прес-конференцијата по средбата со Мицкоски рече дека никогаш не слушнал за овој припадник на Армијата со богата биографија.

СДСМ дава отпор на неговата професионалност. Единствени кои ќе немаат корист од неговата чиста биографија и високопрофесионална кариера градена по скалилата во Армијата се криминалните структури во и околу СДСМ. Оттука и отпорот Ковачки да го преземе МВР 100 дена пред изборите.

Да не заборавиме дека десетина дена пред формирање на преодната влада, во која Министерството за внатрешни работи од рацете на Оливер Спасовски треба да премине во кадар предложен од ВМРО-ДПМНЕ за технички министер, Спасовски ја расформира единицата Алфа, која се покажа како состав кој е способен да ги стави под контрола локалните шерифи, кои СДСМ сега има намера да ги употреби на изборите за полнење на кутиите и за застрашување на населението.

Кој е Драган Ковачки – припадник на специjaлната единица Волци и активен учесник во одбpaната на држата во 2001 година
Полковникот Драган Ковачки, кој е предложен за технички министер за внатрешни работи во преодната влада, професионалната кариера ја градел со напредување низ сите скалила во АРМ.

Учесник во повеќе мировни мисии на НАТО силите и е одликуван со ордени и заслуги за државата.

Има поминато низ повеќе скалила во АРМ, бил во составот на специјалната единица „Волци, а во 2001 година учествувал во воениот конфликт.

На 6 март годинава ја примил должноста командант на Првата механизирана пешадиска бригада. Претходно бил началник на секција за операции и борбена готовност во 1. механизирна пешадиска бригада, раководител на Сектор-Служба за воена безбедност и разузнавање во МО, началник на одделение за контраразузнавање во воената служба за безбедност и разузнавање, офицер за разузнавање и вршител на должност началник на секција за безбедност и разузнавање во полкот за специјални операции, офицер за специјални операции и за разузнавање во мисија Слобода за Ирак-1, Командир на противтерористички тим во 6. одред и други функции.

Образование од сферата на одбраната
Има завршено повеќе високи школи и обуки во Сад и Европа. Има завршено на Кралски колеџ за одбранбени студии во Велика Британија, Командно-штабна академија воХрватска и Воена Академија во Р. Македонија. Завршил успешно во Велика Британија за стратегиско лидерство и контраразузнавање, во САД за стратегиско разузнавање и анализа, како и обуки за борба против тероризам. Бил дел и од обуките на НАТО алијансата па има успешно завршено обуки за команданти на НАТО, НАТО обука во Германија, НАТО обука за офицери во Шведска, и повеќе други во Турција, Бугарија и други земји.

Ковачки е офицep од првата генерација на македонски офицepи со завpшена Вoeна академија во Република Македонија и е припадник на првата мисија под раководство на САД- Слобода за Ирак. Долгогодишен припадник на специjaлната единица Волци и активен учесник во одбpaната на држата во 2001 година

Одликуван е со признанија за својата работа како што се: Плакета на АРМ за учество во мисија „Слобода за Ирак-1“ , Пофалница за остварени резултати во процесот на борбена обука и воспитување, медал на командно-штабната школа во Хрватска.

Родител е на две деца и е од Скопје.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This