ИМ НЕДОСТАСУВА ЧЕТВРТИОТ: Тројца јавачи на апокалипсата со референдум против Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако сакате територија без народ и историја, најмете го Зоран Заев за премиер на држава, заради страст за власт и сласт за моќ и пари да си ја продадете сопствената нација. Тоа е раритет во историјата на народите и светот, со кој се потсмева светската дипломатија!

И не е никаква реторика: Поради најтешко кривично дело велепредавство, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото, на премиерот, министрите и пратениците кои прифатија промена на името на државата и идентитетот на нацијата, кога и да е, не им бега доживотен затвор во Идризово со конфискација на имотот на семејството во светот и дома…

…На 4 август 2018 година Зоран Заев изјави “Илинденското востание е Македонско, ако некој граѓанин од Бугарија сака, нека го чествува.“ Поради остра реакција на Софија со закани за суспензија на согласноста за членство на Македонија во Европската Унија, Зоран Заев мораше да се извини пред Бугарите, дека не мислел така како што рекол, дека згрешил, со Бугарите сме биле браќа, ние Бугари…

Бугарскиот премиер Бојко Борисов, по јавните реакции во Бугарија за изјавата на премиерот Зоран Заев, на својот македонски колега му порача дека “треба двапати да мисли пред нешто да каже… Ги оставам сите да ги премеруваат своите приказни, тоа е на негова сметка. Без разлика дали го кажал тоа намерно или ненамерно, сè оди на негова сметка, бидејќи кога станува збор за ЕУ и ние мораме, исто така, да дадеме согласност, а ние во тие моменти ќе се сетиме на тие работи. Мој совет е да се биде повнимателен.“

Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил одговори: “Гледам во пријателска Бугарија се отвори јавна дебата и се постави дури и прашањето за тоа дали ние двете земји и двата народа градиме искрено пријателство и соработка. Сакам да им порачам на сите граѓани, дури и на критичарите во Македонија и во Бугарија, да немаат дилема дека пријателството и соработката се искрени… Ние повторно го најдовме нашиот пријател и брат. Да не дозволиме да се враќаме назад. Тоа ни е обврска пред нашите деца. Некогаш можеби не сме доволно внимателни ние политичарите, некогаш правиме и грешки, но ве уверувам дека тоа е само невнимание, затоа што искрено сакаме соработка и пријателство како што тоа го потпишавме во Договорот за добрососедство и пријателство. Зарем можеме да заборавиме како премиерот Борисов и министерката Захариева се бореа за Македонија во Министерскиот совет на ЕУ и во Советот на Европа, за да добие Македонија датум за почеток на преговори со ЕУ? Се бореа како што се борат за својата земја. Зарем можеме да се правиме слепи и глуви кога гледаме и слушаме сè што Бугарија направи и успее во тоа да ѝ помогне на Македонија за добивање на поканата за членство во НАТО? Зарем цела Европа не виде како Бугарија помага за Македонија и Западниот Балкан да се приближат кон ЕУ? Никогаш нема да го заборавиме тоа пријателство кое е докажано на дело. Ние сме благодарни и многу го почитуваме тоа.“

Претходно лидерот на социјалистите во Бугарија, Корнелија Нинова, го критикуваше Зоран Заев и го повикуваше премиерот Бојко Борисов да реагира за изјавата дека Илинденското востание е македонско, велејќи “Сакаме пријателски односи, но не сакаме одново да се пишува историјата.“

Во одбрана на Бојко Борисов се огласи и актуелната министерка за надворешни работи Екатерина Захариева: “Да, Илинденско-преображенското востание географски може да се нарече и македонско и тракиско, но во историска смисла е бугарско. Само пред неколку денови премиерот Заев беше на чествување пред споменикот на Гоце Делчев во Благоевград, каде што цело време беше потцртуван бугарскиот карактер на Илинденско-преображенското востание за ослободување на Македонија и Тракија.“

Се огласи и бугарскиот претседател Румен Радев, дека тоа што го напишал македонскиот премиер Зоран Заев на Фејсбук не е извинување, како што тврдат бугарските медиуми: “Вие слушнавте ли дека има извинување? Јас не слушнав. Тоа на Фејсбук не е извинување. Заев посочи дека се работи за грешка, но не го корегира тоа што го изјави. Не може сѐ да се сведе на политички пи-ар и долгорочно да не се размислува. Ја повикувам Владата на Бугарија да утврди дали е прекршена некоја одредба од Договорот за добрососедски односи со Македонија… Не ја прифаќам евроатлантската перспектива на Македонија на сметка на бугарската историја, идентитет и суверенитет. Долгорочните интереси на Бугарија не можат да бидат жртва на минлив политички пи-ар… Ги имаме сите причини да додадеме дополнителен анекс на договорот и да ги вклучиме одредбите од овој договор што се прошируваат на поглавјето 35 на процесот на пристапување на Република Македонија“…

… Сега, Зоран Заев мора да се извинува и пред Атина, поради остра реакција на грчката влада и опозиција за суспензија на Спогодбата Димитров-Коѕиас, затоа што Никола Димитров на 29 август пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент спомнал постоење на македонската нација и македонскиот јазик: “Кога договорот ќе стапи во сила, мојата земја ќе се вика Република Северна Македонија и ние ќе бидеме Македонци кои ќе го говорат македонскиот јазик!“

Министерот за одбрана на Грција и лидер на “Независни Грци“ помалиот коалиционен партнер во грчката влада Панос Каменос, обвини дека изјавите на властите во Скопје ги провоцирааат и го вознемируваат грчкиот народ, кој ќе го има последниот збор за Договорот од Преспа: “Премиерот и министерот за надворешни работи со провокативни изјави против Грција го попречуваат секој обид за наоѓање на решение. Повикувањето на ‘македонска нација’ е спротивно на било кој договор. Се’ што тие успеваат е да го вознемират грчкиот народ, кој ќе го има последниот збор, без оглед на референдумот и уставните промени во Скопје.“

Од ден на ден, се’ погласно и се’ појасно станува дека Договорот Заев-Борисов од 1 август 2017 година и Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година не се решение за нормализација на билателарните добрососедски односи меѓу Македонија и Бугарија и Македонија и Грција, туку координирана грчко-бугарска операција за бришење на Македонскиот народ, јазик, култура и историја… од Македонија да остане само територија без народ и историја. Или, отворање на пандорината кутија од Балканските војни, само што во 1912 година окупатори врз Македонија беа Србија, Грција и Бугарија, сега во 2018 година кон нив ќе им се приклучи и Албанија… Впрочен и норанешната министерка за надворешни работи на Грција своевремено рече “Ние еднаш напишавме историја за Македонија, повторно не мислиме да пишуваме…“

Се разбира, и покрај се’ и после се’, и покрај окупацијата врз Македонија и геноцидот врз Македонскиот народ од Балканските војни кои траат до денес, нужно е помирување на Македонскиот народ со соседните народи и склучување договори за траен мир и добрососедство на државата Македонија со соседните држави, меѓутоа само врз основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност што подразбира: заемно почитување и разбирање, соработка по сите прашања од заеднички интерес, немешање во внатрешните работи и на реципроцитетна основа.

Затоа, со безусловен бојкот на референдумот и масовна неизлезеност на денот на гласањето, да ја спасиме државата и нацијата од јавачите на апокалипсата кои ги туркаат во дестабилизација и Македонија и Балканот! БОЈКОТИРАМ значи НЕ ГЛАСАМ! А, НЕ ГЛАСАМ затоа што сум ПРОТИВ! Прашањето за промена на името на државата и идентитетот на нацијата НЕ ЗАСЛУЖУВА ОДГОВОР!

 

Пишува
Тодор Петров

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This