Им пpeгopеле осигypaчите: Машините за гласање ги пpeфрлале гласовите за Tpaмп, на име на Бајден

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Водителот на „Фокс њуз“, Шон Патрик Ханити се приклучи на тековната дебата за контроверзниот систем на гласање „Доминион“, кој се користи низ Америка за гласање на избори. Претседателот на САД, Доналд Трамп претходно објави дека машините за гласање избришале 2,7 милиони гласови и му припишале стотици илјади на неговиот противкандидат Joо Бајден.

„Доминион“ е канадска компанија, а седиштето на американската филијала е во Денвер. Изработува машини за гласање, како и софтвер кој им помага на владините службеници да ги организираат и следат резултатите од изборите.

Адвокатот на кампањата на американскиот претседател Доналд Трамп побара пребројување во секоја држава што го користеше софтверот на компанијата (најмалку 28 држави), откако беше откриено дека тој погрешно префрлил 6.000 гласови на демократите во округот Антрим, Мичиген.

„Ако 30 држави користеа софтвер за кој се докажа дека е неисправен и дека броеше 6.000 гласа погрешно само во една област, адвокатите треба да побараат рачно пребројување. „Пост-изборните судски спорови се многу важни со цел да се заштити интегритетот на изборниот процес и да се заштити и Уставот“.

Шон Ханити од Фокс њуз изјави дека сведочењата се чини дека сугерираат дека може да има многу повеќе неправилности во оваа приказна.

Колку за потсетување уште во јуни 2020 година, државата Џорџија спомена бројни проблеми со машините за гласање „Доминион“.

„Њујорк тајмс“ претходно објави дека „машините барале премногу енергија, дека биле разнесени осигурувачите и дека машините не можеле да бидат вклучени“. Во други случаи, „работниците се бореа со поставките“.

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This