ИМ СЕ ПОГОДИ ВРЕМЕТО НА ПРАТЕНИЦИТЕ: Џафери ги собира пратениците и службениците од кафулињата на улица „Македонија“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дел од вработените во собраниските служби го злоупотребувале правото на пауза, па затоа претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека лично се заложил да не стане секојдневна пракса. Како што изјави, самиот одел од канцеларија до канцеларија за да провери кој од вработените е на работното место.

Бидејќи увидел дека поголем дел од вработените не го почитуваат работното време, па некои времето за пауза за појадок го пролонгираат и за кафепиење на улица „Македонија”, решил да воведе “војничка” дисциплина. Со вработените кои нема да ги затекне во канцеларија, писмено, со негов потпис ги известува дека ги побарал.

-Никој не им забранува да излезат, но тоа мора да биде во рамките на тоа што е дозволено. Не може некој да дојде на работа во 8 часот, а веќе во 8:30 да го нема. Јас лично правев контроли по собраниските служби и на тие што не ги затекнав на работните места им оставив белешка дека сум бил таму, со време на посетата и мој потпис. Кога ќе тргнам во контрола од првиот кат веднаш ќе се расчуе, па ќе се растрчаат сите да се приберат во своите канцеларии, вели тој.

Извор: Вечер Пресс

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This