Имeнyвaни cимптoмитe нa пocтkoвидниoт cиндpoм

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Националниот институт за здравје и клиничка извонредност на Велика Битанија (NICE) ги објави кон крајот на минатата седмица официјалните упатства за лекување на постковидниот синдром, наведувајќи ги симтомите кои се јавуваат кај пациентитте кои оздравеле од Covid-19.

Покрај вообичаените знаци, како што се заморот и високата температура, експерите идентификувале и когнитивни нарушувања, главоболка, пецкање и вкочанетоста на екстремитетите, како и нарушување на спењето.

Во извештајот се забележува дека лицата кои доло време имале коронавирусна инфекција, може и да страдаат од абдоминални болки, гадење, дијареа и анорексија. Болеста влијае и на психолошката состојба на пациентите и може да предизвика напади на депресија и на паника.

На удар е кардиоваскуларниот систем. Честопати лица по прележувањето на коронавирусот се жалат за нарушување на срцевиот ритам, болка и чувство на стегање во градите. Поретки се симптомите кои се јавуваат кај кожните заболувања, како на пример осипот.

Експертите истакнуваат дека нивните препораки се разработени со цел да се подобрат практиките за следење на пациентите кои биле подложени на Covid-19, како и да се подобрат вештините на медицинскиот персонал вклучен во борбата против заразата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This