ИНТЕРВЈУ НА ЗАМЕНИК МИНИСТЕРКАТА ЗА ФИНАНСИИ: Да се застане на патот на енормното задолжување и непродуктивните трошења, шанса за професионалците и квалитетот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Конструктивност или опструкција!? Што можеме да очекуваме од Гордана Димитриеска Кочоска како заменик министер?

Ако може поедноставено да се изјаснам би рекла конструктивност кон граѓаните и државата, а опструкција на криминалот и корупцијата. Министерството за финансии мора да биде во полза на државата и нејзиниот развој, а не за предизборна корупција и поткуп на гласачи. Министерството за финансии мора да служи во поткрепа на стопанството и оние кои го полнат буџетот, а не во поткрепа на партиска политика и давање на согласности за политички вработувања.

Мојата функција и улога како дополнителен заменик министер ќе биде токму оневозможување на злоупотребите со државната каса, во форма на исплати кои би значеле изборен поткуп. Такви дејствија во насока на изборен поткуп гледаме последните неколку недели пред да биде формирана техничката влада, а тие се гледаат во форма на забрзана партизација, милионски тендери кои ги добиваат фирми формирани непосредно пред да биде распишан огласот и други притаени случаи на влијание и купување на гласачи, сите до еден нотирани.

Мислам дека она што највеќе недостасува на бизнисот во Македонија е сигурност и оддржливост на политиките. Не смееме во економијата да експериментираме со работи кои подоцна може да паднат на товар на стопанството и домашната економија која е носител на една економија. Го ставам сето мое искуство и знаење од реалниот сектор да помогнам на државата и во еден кус период да гарантираме стабилност во онаа мера колку може да се постигне.

Кој се најголемите предизвици со кој се соочува економијата?

Нереалното планирање, отстапувањата на реализираниот од планираниот буџет, погрешни економски политики кои наместо да ја подобруваат економската клима и да ја враќаат довербата на бизнис секторот во државата ја влошуваат, пиши бриши економски политики кои докажуваат дека се немало никаква анализа ниту стратегија при нивно донесување , нарушената ликвидност во стопанството и се разбира најтешкиот предизвик задолжувањето за непродуктивни трошења.

Да се задолжувате, да префрлате товар на идните генерации а притоа да не финансирате инфраструктурни проекти, патишта железници, да неможе бизнисот нормално да функционира поради тоа што државата не им создала доволно инфраструктурни услови за работа секако не се вбројува во оправдани задолжувања поради инвестиции.

Сето ова мора да се промени. Мора бизнис секторот во најкусо време да почувствува дека економските политики и окружување се стабилни за да може да се одлучи да инвестира. Наместо Владата да говори дека секоја година ќе биде економска, треба да се засукаат ракави и навистина да се покаже дека таа ќе биде економска со дела, не само со зборови. На бизнисот веќе празните зборови ништо не му значат. Мора да им пристапиме со работа, разговор, размена на мислења пред креирање на посериозни политики. А јас од работа не се плашам. Треба конечно да се даде шанса на професионализмот, и треба да се застане на патот на енормното задолжување и непродуктивните трошења. Народот не смее да ги плаќа лукративните хирови на власта.

Јавниот долг е голем, а дополнително слушаме најави за задолжување на државата со нова еврообврзница од 500 милиони евра на почетокот на годината, дали тоа не е изборен поткуп!?

Да, и ние имаме такви информации и први предупредивме на тоа. Секое задолжување кое нема основа и е без покритие, а на штета на граѓаните ќе биде ревидирано. Половина милијарда евра задолжување на само три месеци пред избори не може поинаку да се сфати освен како еден вид на изборна корупција.

Недозволиво е јавниот долг во само три години да порасне за скоро 1 милијарда евра, а притоа да немате реален резултат на терен. Нема проекти, капитални инвестиции и мерки од полза за граѓаните. 1 Милијарда е зголемен јавниот долг, а немате ништо со што ќе го оправдате тоа.

И теоријата и праксата се децидни. Ново задолжување се врши единстевно заради реализација на капитални инвестиции и креирање на добра кои можат да генерираат додадена вредност за општеството.

Таа пракса на задолжување без усул, без план, ние ќе ја прекинеме. По 12 април, владата која ќе ја формираме нема да креира милијарди јавен долг. Секое задолжување ќе биде целно и со цел развој на државата.

Мора да се стави крај на расипништвото. Уште денес. Буџетот не е за полнење на сметките на врвот на власта, туку за граѓаните и државата.

Го спомнавте буџетот, каков е вашиот став во однос на буџетската политика, развоен или социјален буџет, помал или поголем буџетски дефицит!?

Дефинитивно развоен буџет. Без развојна буџетска политика, вие не можете да имате висока стапка на раст. Економијата, реалниот сектор чекаат поддршка од државата во форма на инвестиции во инфраструктурата, тоа е нешто кое што ние како држава и влада ќе го направиме по 12 април. Ние мора да бидеме поразлични, подобри и попредвидливи од сите други. Само така ќе бидеме комептитивни. И да за мене нема сомнеж дека буџетот ќе биде развоен, само така ќе имаме силна економија која ќе го полни буџетот, ќе го крене стандардот и самото тоа ќе допринесе за зајакнување на социјалната држава. Во економијата оправдано е зголемување на задолжувањето над некоја дефинирана границадоколку е поради проекти од кои ќе добиете додадена вредност. Мора да постои кост бенефит анализи за секој проект. Мора проектите да се наредат по приоритети почнувајќи од оние кои најбрзо ќе генерираат додадена вредност и ќе ги враќаат тие задолжувања. А тоа сега не го хледаме.

Понатаму нема подобра социјална програма од креирање на нови работни места, и јас се согласувам со тоа. Да им овозможиме на сите да работат и да заработат, а јас верувам во потенцијалот на луѓето.

Велите ќе вложувате во капитални инвестиции и ја критикувате актуелната влада за потфрлање на овој план, но министерката Нина Ангеловска излезе со податок дека стапката на реализирани капитални инвестиции изминатава година изнесува 78%, реално тоа не е лош процент!?

Во економијата не секогаш може да гледате само една бројка и врз основа на тоа да влечете заклучоци. Прво тука се поставува прашањето што се е финансирано односно на што се однесуваат овие капитални трошоци. Јас неслушнав дека некаде се спомна инвестирање во инфраструктура. Првин процентот од 78% не е реален. Се работи за процент добиен откако претходно со ребалансот на буџет скратија и пренаменија дел од средствата наменети за капитални инвестиции во други плаќања. Да не беше ребалансот тој процент ќе беше помал. Дополнително на ова засметајте ги и 32 милиони евра со кои владата го откупи делот на АД Макпетрол во ГА-МА. Реално тоа веќе го спушта процентот многу под 70%

Од сетоа ова можам да заклучам дека потребни се инвестиции а не математички шминки кои го водат народот во заблуда. Затоа ние по 12 април ќе понудиме реални инвестиции и проекти, ефикасно и целосно користење на средствата за капитални инвестиции.

Кога би одбирале економија или политика што повеќе би одбрале?

Економијата е моето поле на интерес со посебен акцент на корпоративните финансии. Таму сум своја на своето. Од друга страна љубовта кон мојата татковина Република Македонија е преголема за да стојам настрана и немо гледам се што поминува и се случува. Ги охрабрувам сите професионалци кои ја сакаат државата да се вклучат активно во политиките на ВМРО ДПМНЕ затоа што сметам дека заедно со претседателот Христијан Мицкоски ќе го вратиме достоинството на овој народ и ќе успееме да го подигнеме стандардот на живеење и да го приближиме кон европските земји.

Што би пофалиле од работата на владата на Заев?

Листата за критика е секако подолга од она што може да се пофали. На прва би ја пофалила веб платформата отворени финансии која откри на кој начин и колку биле трошени парите на граѓаните. Но лошо е што досега не се покрена прашањето зошто никој не одговара за тоа. А кога би се анализирало подлабоко ќе се види дека тоа е автентичен проект на УСАИД.

Но не заборавајте кога имате пиши бриши економски политики, кои директно задираат во џебот на секој од нас, и најдобрата платформа и транспарентност се минорни бидејќи децата дома чекаат леб.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This