Инфективно преполнo, во Штип пациентите ќе се примаат во Кожно одделение

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Штипското Кожно одделение од попладнево се става во функција за ковид пациентиетите, кои се со полсена клиничка слика или на ден, два пред да бидат испишани од болницата. Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев за МИА појаснува дека утринава е направен координативен состанок меѓу лекарите и медицинскиот кадар од Инфективното и Кожното одделение, за точно да се утврди начинот на работа и како ќе функционираат двете одделенија.

-Попладнето веднаш по визитата на Инфективното одделение се очекува на Кожното да бидат пренесени и првите пациенти. Таму имаме вкупно десет слободни кревети, а за пациентите ќе се грижи комплетно персоналот на Кожното одделение, имаме четворица лекари, пет медицински сестри и по еден болничар и хигиеничар, вели Ѓеорѓијев.

На Инфeктивното одделение денеска е зголемен бројот на хоспитализирани пациенти, во моментов имаат 53 или остануваат уште два слободни кревети. Половина од пациентите се на кислородна поддршка, а двајца пациенти од Штип и Злетово на возраст од 87 и 63 години починaa на оваа одделение.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This