Инфомaкc откpи каде иcчeзнaa 300 квадpaтни киломeтpи тepиторија на Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сите оние кои што внимателно слушале на часовите по географија во средно и основно знаат дека територијата на Република Македонија изнесува 25.713 километри квадратни. Оние кои што учеле географија останаа збунети од последниот извештај на Европската Комисија за Македонија во кој само за една година нашата држава загубила 279 километри квардатни.

За потребите на оваа сторија, Инфомакс најпрво го контактираше Заводот за статистика од каде телефонски ни одговорија дека истата нејаснотија ја имаат тие и оти кај нив се уште територијата на Република Македонија изнесува 25.713 километри квадратни иако од Катастерот на Република Македонија добиле нова бројка од 25.434 километри квадратни.

Разликата од околу 300 километри квадратни за прв пат се појавува во 2018 година, а истото е евидентирано и во гореспоменатиот извештај на Европската Комисија.

Откако Статистика не упати во Катастер, добивме одговор и од оваа државна институција од каде инсистираат дека не станува збор за губење на територија туку за усогласување на површината на територијата на Македонија. Од таму потенцираат дека бројка се провлекува од претходниот Сојузен завод за статистика, а со новите премерувања и дигитализацијата на границите на државата добиена е површината која е за 279 километри помала од површината добиена со претходните мерења.

-Нашата држава нема изгубено територија, како што пишувате во вашиот меил, туку, се работи за усогласување на површината на територијата на Република Северна Македонија.

Претходната површина која фигурира се провлекува од претходниот Сојузен завод за статистика и начинот на одредување не е целосно познат.

Сега, според обработката од Регистерот на просторни единици и дигитализација на границите на државата, добиена е површината од 25.435.8 км2, која што впрочем и фигурира во последната колона од приложената табела од ваша страна.
Оваа површина, исто така ќе претрпи минимални корекции после целосното завршување на постапката за класично GNSS теренско премерување на државната граница на Република Северна Македонија со соседните држави.

Разликата која се појавува не е резултат на промени на државната граница во постапките на демаркацијата и премерувањето на границите на Република Северна Македонија, кои се извршувани по нејзиното осамостојување, како на копнените, така и на водните површини, стои во целосниот одговор од Државниот катастер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This