April 27, 2024, 11:32 pm

ИНЦИДЕНТ НА СИРИСКОТО НЕБО: Американски ловци отвориле оган врз Руски јуришни авиони

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Авиони на американското воздухопловство отвориле сигнален оган во воздушниот простор на Сирија на руските јуршни авиони СУ-25, пренесува „Индепендент“

Според неименуван американски претставник, американските ловци Ф-22 истрелале неколку предупредувачки куршуми откако Руските авиони СУ-25 ја прекршиле договорената зона на летање направена со цел да се избегнат ненамерни инциденти.

Прес-центарот на Централната команда на САД (ЦЕНТКОМ) соопштува дека на небото над СИрија во средата дошло до приближување на руски и американски авиони, но во тоа немало ништо невообичаено.

„Два Ф-22 беа преблизу до два руски авиони, така што ги употребивме каналите за врска за спречување на судир (помеѓу САД и РУсија) за да се исправи ситуацијата“, рекол претставникот на ЦЕНТКОМ.

Според неговите зборови, такви ситуации понекогаш се случуваат „неколку пати дневно“ и во нив „нема ништо невообичаено“.

Претставникот на Пентагон не дал повќе детали за случката.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This