Инaeтот, сaмоволието и нeуспешната дипломатија на Bладата предводена од премиерот Заев ја остави Македонија рaзeдинета и paзнишана без никакви црвени линии

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија доби НЕ на патот кон Европската унија. Бугарија, земјата за која премиерот Зоран Заев викаше дека ни е пријателска, ни го попречи патот за влез во европското семејство. Промената на државното име и двата договори со Грција и Бугарија за кои власта на СДСМ тврдеше дека ќе ни ги решат сите проблеми и ќе не внесат во ЕУ донесоа само нови проблеми.


Иако Бугарија поставува нелогични услови, сепак ветувањата дадени кон нив и Договорот од 2018 година за добрососедство и пријателство си го направија своето.

Инаетот, самоволието и неуспешната дипломатија на владата предводена од премиерот Заев ја остави Македонија разединета и разнишана без никакви црвени линии и ставови да ги брани националните интереси.
Додека Македонија се соочува со обиди за целосно бришење на македонскиот идентитет и јазик, власта на СДСМ упорно одбива да изгради државен консензус за националните прашања. Повторно го гледаме истото сценарио како при решавањето на спорот кој го наметна Грција, преговори во тесен круг, позади затворени врати, без да се да се изгради заеднички државен и национален став и без да се слушне гласот на граѓаните и експертите.

Таквата ситуација, секако дека ја искористи Бугарија. Додека во Македонија никој не знае што СДСМ преговара со Бугарија, додека сите останати се исклучени од најважното национално прашање, од другата страна гледаме усогласени настапи и и заеднички изградени ставови со Декларација изгласана во парламентот.

Бугарија бара Македонија да се откаже од македонското малцинство во Пиринска Македонија, да го преименува македонскиот јазик, како и да се откаже од историјата пред 1944 година. Бугарија инсистира дека Македонија и македонскиот народ се вештачки создадени на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година, како титова творба чиј идентитет треба да се разликува од бугарскиот. И за крај Бугарија бара од македонските учебници и споменици да се избрише фразата „бугарски фaшистички оkупатор“ односно да не се споменува дека тие биле на страната на фaшистите во Втората светска вojна.

Сепак, ова не го бара само бугарската влада, туку сите политички чинители во земјата. Тоа може да се види и од изјавите на власта, претседателот и опозицијата. Премиерот на Бугарија, Борисов и министерката Захариева и порачаа на Македонија дека нема да одобрат почеток на преговорите со ЕУ се додека не се решат отворените прашања.

Со ист став е бугарскиот претседател Радев, кој беше поддржан од опозицијата и кој рече дека бара законски гаранции дека единството на бугарската нација, култура и историско наследство, никогаш нема да бидат доведени во прашање од надворешни фактори. Радев исто така истакна дека ставот да Бугарија не даде безрезервна поддршка за Македонија е изграден заеднички помеѓу него и владата.

На иста линија е и бугарската опозиција. Корнелија Нинова, лидерка Социјалистичката партија, која е најголемата опозициска партија, порача дека Бугарија треба категорично да си ги заштити своите историја, национален интерес, историските личности и тоа треба да се прифати од другата страна. Со ваквите ставови усогласен е Слави Трифонов, лидерот на „Има таков народ“ трета по рејтинг партија во Бугарија. Тој порача дека Македонија нема да добие компромис ако не се усогласи со историските бугарски корени.

И додека гледаме јасни и усогласени ставови од Бугарија, во Македонија ситуацијата дијаметрално поинаква. Иако се работи за прашање од највисок национален и државен интерес, СДСМ одбива да изгради заеднички став со опозицијата и експертската јавност. Додека во Бугарија гледаме Декларација изгласана во парламентот, тука владата ги одбива повиците за лидерска средба од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, а камо ли да помисли на Декларација. Исто така министерот за надворешни работи Османи и вицепремиерот за европски прашања Димитров одбиваат да дискутираат во Собранието, тие на два пати не се појавија на комисиската седница за надворешна политика, за да се изгради став по пова прашање.


Воедно гледаме како се пригушени МАНУ, Институтот за македонски јазик и Институтот за национална историја, а да не зборуваме за мислењето на граѓаните кое уште откако се на власт го игнорираат.

Проблемот кој ни го создава Бугарија ќе трае и понатаму. Македонија јасно се има определено за Европската Унија, но на тој пат ни стои Бугарија која и да дозволи во декември или следната година почеток на преговори и понатаму ќе инсистира на нејзините барања и тоа ќе го прави при отворање на секое едно поглавје.

Затоа потребен е државен и национален став по ова прашање. Потребна добро испланирана стратегија, црвени линии и подобар дипломатски настап со кој ќе се пристапи кон ова прашање и кон Бугарија и кон европските лидери кои можат да влијаат на процесот. Дипломатијата на СДСМ на потчинување и улизување не само што не успеа туку не врати и чекор наназад. Токму затоа е потребен државен консензус, кој СДСМ одбива да го има, а тоа се рефлектира кај македонскиот народ и државата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This