ИРАН ГИ НАВЕДЕ УСЛОВИТЕ ЗА ПОВЛЕКУВАЊЕ ОД HУКЛEAPHATA CПOГOДБА: Министерот за надворешни работи изјави дека нема лесно да се повлечат!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Иран нема намера туку така да се повлече од нyклeapнaтa спогодба, туку таква одлука ќе донесе само како одговор на постапките на другите земји потписнички на спогодбата“, изјави за ТВ РТ министерот за надворешни работи на Иран, Џавад Зафир.

На прашањето за двете основни барања на ЕУ, за влез на Иран во Работната група за финансиски мерки за борбата против перењето пари и започнување на преговори за проблемот со бaлиcтички paкeти, тој укажа дека Европа е таа што треба да ги исполни своите обврски што произлегуваат од нyклeapнaтa спогодба.

„Изразивме посветеност кон нyклeapнaтa спогодба, тоа го потврди и Меѓународната агенција за нyклeapнa енергија. САД излегоа од оваа спогодба а Европа не успеа ни да ја имплементира“, изјави министерот.

Зафир истакна дека Иран има и други опции доколку Европа инсистира на овие два услови.

„Овие два услова не се поврзани со спогодбата. Ако нашите партнери не ги исполнат обврските, ние имаме и други опции, како повлекување од нуклеарната спогодба. Тоа ќе го направиме само поради повлекувањето на Вашингтон и рамнодушноста на Брисел.“, нагласи тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This