Иран го пpeдyпpeди Трамп: Дa нe ce впyштa вo никaкoв aвaнтypизaм пpeд дa зaминe oд влacт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иранските власти го предупредија Доналд Трамп да не се впушта во некаков „авантуризам“ пред да ја напушти Белата куќа, откако американскиот претседател го обвини Техеран дека е одговорен за неодамнешниот ракетен напад врз американската амбасада во Ирак.

Трамп во средата рече дека ќе го смета Иран за одговорен во случај на смртоносни напади врз Американци во Ирак, додека се наближува првата годишнина од атентатот врз иранскиот генерал Касем Сулејмани.

„Нашата амбасада во Багдад во неделата беше погодена од неколку ракети. Погодете од каде се ракетите: од Иран“, напиша Трамп на Твитер со фотографија од ракетите.

Американскиот претседател во заминување изјави дека има шпекулации за продолжение на нападите врз Американци во Ирак. „Ако биде убиен Американец, јас ќе го сметам Иран за одговорен“, додаде Трамп.

Иранскиот министер за надворешни работи Мухамед Џавад Зариф рече дека Трамп употребил „некоја безвредна фотографија за полесно да го обвини Иран“ и додаде дека претседателот во заминување треба „да преземе целосна одговорност за секој авантуризам“.

Зариф го обвини американскиот претседател за „загрозување на сопствените граѓани во странство“ и за обид да го сврти вниманието од „катастрофалните неуспеси“ во борбата против коронавирусот во САД.

Американската амбасада во Багдад во текот на летото постави одбранбен систем Ц-РАМ, бидејќи разни вооружени групи ги интензивираа ракетните напади врз амбасадата. Неколку ракети беа истрелани во правец на амбасадата во неделата, но немаше жртви во нападот.

Амбасадата во декември повлече дел од своите вработени. Станува збор за привремена мерка донесена во пресрет на годишнината од атентатот врз иранскиот генерал Сулејмани во Багдад.

Сулејмани, кој важеше за втор најмоќен човек во Иран, беше убиен на 3 јануари годинава во напад со американско беспилотно летало на аеродромот во близина на Багдад, по наредба на Доналд Трамп.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This