Иран ќе им исплати отштeта на семејствата на загинaтите во срyшениот украински авион

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иранската Влада одобри фонд за исплата на отштета на семејствата на загинатите при соборувањето на украинскиот патнички авион од страна на иранските сили над Техеран во јануари годинава.

Како што соопштија од Кабинетот на претседателот Хасан Рохани, Иран ќе им исплати по 150.000 долари на семејствата на 176 загинати луѓе. Засега не е објавен рокот за исплата на платите.

Одлуката за исплата на отштета доаѓа во момент кога семејствата на загинатите се подготвуваат да ја одбележат годишнината од несреќата, што се случи на 8 јануари, а дипломати од земјите чии граѓани настрадаа, вршат притисок врз Иран за поголема соработка во истрагата и за компензација на семејствата.

Иран неколку денови по несреќата демантираше дека неговата војска е одговорна за соборувањето на авионот, но по низа докази кои ги открија западните земји, повикувајќи се на разузнавачки извори, како и со меѓународен притисок, Техеран призна дека неговите безбедносни сили по грешка го погодиле украинскиот авион во момент на зголемена тензија со САД. Во тој период, иранската војска изврши напад врз американски бази како одговор на убиството на генералот Касем Сулејмани на 3 јануари на аеродромот во Багдад.

Здружението на семејствата на жртвите минатата недела објави соопштение во кое ја критикуваат иранската понуда за отштета и побараа независна и транспарентна истрага за несреќата.

Семејствата се будни и нема да потпишат ниту еден документ. Убиецот не може да игра улога на ожалостен – се наведува во соопштението.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This