ИСИС бomбapдираше хотел бидејќи дозволил на концерт заедно да присуствуваат и мажи и жени

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Групите инспирирани од Исламска држава (ИСИС) во Појасот Газа обвинија одморалиште за одржување музички концерт за мажи и жени, а потоа го нападнаа,, пренесува Јерусалим пост.

Одморалиштето Бјанко, едно од најлуксузните туристички места во Појасот Газа, беше нападнато минатиот четврток со експлозивна направа.
Нападот се случи откако одморалиштето беше обвинето од муслимански екстремисти за одржување концерт со мешан пол. Никој не е повреден, но ѕидот што го опкружува одморалиштето е оштетен.

Палестински извори ги обвинија терористите кои припаѓаат на салафи-џихадистичките групи дека стојат зад нападот.
Членовите на групите инспирирани од Исламска држава (ИСИС) во Појасот Газа го обвинија одморалиштето за одржување музички концерт за мажи и жени на плажата Беит Лахија во северниот појас Газа.
Некои членови на групите рекоа дека го предупредиле сопственикот да не го одржи настанот, но тој го игнорирал предупредувањето.

На 5 август, Иса Микдад, еден од мажите поврзани со групите, напиша на Фејсбук: „Денес отидовме во одморалиштето Бјанко со цел да го спречиме злото пред да се случи, бидејќи ова одморалиште ќе одржи мешан концерт утре на плажа на Беит Лахија. Затоа, ја молиме владата на [Хамас] да го спречи ова зло пред да се случи. Ги повикувам сите проповедници и шеици јавно да го осудат ова зло, откако сопственикот го одби нашето барање да не се одржи забавата“.
Палестинците во Појасот Газа реагираа со мешани чувства на бомбардирањето на одморалиштето. Некои изразија благодарност за сторителите, додека други го осудија нападот.
Палестинскиот центар за човекови права (ПХХР) со седиште во Газа остро го осуди нападот и рече дека тој има за цел да ги заплаши жителите на појасот Газа.
„ПХХР посочува дека ова одморалиште е модерен и приватен инвестициски проект, отворен кон средината на минатиот месец и изграден на огромна површина, со околу 120 вработени, и е многу популарен од од самото отварање“, се вели во соопштението. „Ја нагласуваме важноста од поддршка на вакви проекти, кои придонесуваат за поддршка на домашниот туризам, надградба на палестинската економија, создавање можности за работа за младите луѓе и ублажување на ефектите од опсадата [на Појасот Газа]“.

Според истрагите на ПЦХР, околу 11:55 часот во петокот вечерта, непознати лица поставиле експлозивна направа до североисточниот ѕид на одморалиштето и ја активирале. Експлозијата резултираше со уривање на делови од ѕидот.

Некои осомничени се уапсени во врска со бомбашкиот напад, изјави извор близок до Хамас.
Голем број палестински фракции, вклучувајќи го и Ленинистичко-марксистичкиот народен фронт за ослободување на Палестина (ПФЛП) и Демократскиот фронт за ослободување на Палестина (ДФЛП) и Палестинската народна партија (поранешна Палестинска комунистичка партија) го осудија нападот врз одморалиште и го повика Хамас да ги најде сторителите.
Експлозијата го одразува зголеменото влијание на групите инспирирани од ИСИС во појасот Газа, велат фракциите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This