Искривените вредности станаа правило во Македонија, црното стана бело, а белото стана црно. Лошото стана добро, а доброто пак лошо. Да се биде чесен и достоинствен стана недостоинствено, да се сака својата држава и народот стана најголемиот грев. Да се брани Уставот и законите стана најголемото кривично дело, а Македонецот е фрлен на колена. Токму на оваа тема коментираат граѓаните на Фејсбук кои ја прикажуваат својата итроштина и многу подобро ја анализираат состојбата во државата и од најистакнатите аналитичари кои ги гледаме секој ден по националните телевизии.
-Да се биде Македонец во Македонија е национализам.
Да се биде Албанец е граѓанско право.
Да се биде терорист е услов за награда за мир.
Да се биде криминалец е услов да се биде премиер на Македонија.
Да се биде вулгарен, гнасен и одвратен кон културното наследство на Македонскиот народ е услов за директорско место.
Вие стварно мислите дека сме на правиот пат, пишува Зоран Славјански на Фејсбук.