Исланд ги ykинува сите мерки и огpaничувања поврзани со пaндемијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

По 15-те последователни месеци минати под строги или полабави мерки за сузбивање на коронавирусот, Исланд во петокот најави укинување на сите национални мерки поврзани со епидемијата, по напредувањето на програмата за вакцинирање против Covid-19.

Од саботата 26-ти јуни, на сила повеќе нема да бидат мерките за одржување на физичкото растојание, носењето на маски за уста, ограничувањето на бројот на учесниците на разни собири, како ниту ограничувањето на работата на кафулињата и рестораните, објави премиерката Катрин Јакобсдотир на прес-конференција.

Оваа одлука, е првата донесена во Европа е усогласена со календарот во четири фази за укинувањето на ограничувањето на исландската територија.

Планот, кој беше објавен кон крајот на април, предвидуваше укинување на сите мерки на национално ниво во втората половина на јуни, „кога околу 75 отсто од населението повозрасни од 16 години ќе примат најмалку една доза од вакцината“.

Според официјалните податоци, на Исланд до четвртокот 24-ти јуни 87,6 отсто пд населението повозрасни од 16 години, или околу 295.000 од вкупно 365.000 жители примиле барем една доза од вакцините против Covid-19.

Меѓутоа, ограничувањата сепак остануваат на сила на граничните премини со задолжително приложување на PCR тест или два PCR теста по петдневна изолација за невакцинираните патници. Патниците кои имаа потврда за вакцинирање или за преболен Covid-19, кои досега мораа да се тестираат при доаѓањето, тоа повеќе нема да мора да го прават по 1-ви јули.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This