ИСТЕПАН СНИМАТЕЛ НА ЦИВИЛ, ЏАБИР ДЕРАЛА НАРЕДИЛ ДА СЕ МОЛЧИ: Дали вчера е претепан снимател на Цивил од активисти на ДУИ, а Џабир Дерала наредил да се премолчи?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дали соросоидите се толку силни па исценирале испитување за корупција, прашува Јорданка Ивановска – Јоци на својот facebook профил. Онаа што вчера Заев ја спомена за Драги Рашковски секретар во влада и министерот за култура познат како реге фризура Роберт Алаѓозовски? Дали вчера е претепан еден граѓански новинар Вулнет и тоа од партиски активисти, а за тоа никој не извести. Молк. Момчето е по болници – пишува Јоци.

Дали вчера е претепан снимател на Цивил од активисти на ДУИ, а Џабир Дерала наредил тоа да се премолчи и да не се обзнани?  Истиот дечко што ги снимаше полицајците како ги апсат припадниците на Левицата пред некој месец.

Акцизата за нафта се зголемува за 3 денари, продолжува таа. Со новиот Буџет за 2018, акцизата на нафтата ќе се зголеми, а тоа ќе повлече низа поскапувања на бензинот и ред производи. Молк. Ќе се зголемат плаќањата за придонеси. Ќе има нови задолжувања. Умираат бебиња, никој не протестира. Се истураат пари во ”Сител”, партиските платени мегафони молчат или бранат. Сето тоа се премолчува, а оние кои ќе прозборат на статус, како јас, се мета на платени сајтови и ФБ пејџови на шефови на кабинети, кои се кријат зад нив и служат за подземна и надземна дискредитација со оцрнување. По само 150 дена власт – пишува Ивановска – Јоци.

Со најдолна кампања, се работи и на дискредитација на медиумски лица, кои не се по ќеф на новата власт. Од сите проблеми во државава, сите можни булшитови, владината пропаганда се занимава со мене и забавната анкета “кој ви е омилен лик за озборување”, каде водам луѓе кои ме читаат и гласаат по сопствена волја. Сево ова, сите овие платени игри, шеми и инсталации, еден ден ќе им се удрат од глава.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This