ИСТИОТ РАКОПИС: Црна Гора, Македонија нека се припреми…

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Планерите на НАТО преку насилното всмукување на балканските држави потполно свесно креираа државни провизориуми оптеретени со многу хронични проблеми, како внатрешни така и надворешни, за чиј елементарен опстанок присуството во Алијансата е од витално значење, што значи дека истата, по потреба, не може лесно да биде дестабилизирана, ако не и нешто многу полошо

Напорите на Соединетите Американски Држави и НАТО по кратка постапка што побрзо да го утврдат и обезбедат југоисточното крило на НАТО на Балканот, по се судејќи не може да поминат без долготрајни и тешки последици по земјите во регионот. По се изгледа дека во таа смисла особено добри примери се Црна Гора и Македонија.

Откако Црна Гора минатата година практично е анектирана од страна на НАТО наспроти сите демократски принципи и критериуми, се чини дека слично сценарио челниците на НАТО оваа година намениле и за Македонија.

Имено, за да пристапи во НАТО, новата македонска влада на чело со премиерот Зоран Заев се согласи на преговори за промена на името на сопствената држава, а исто така во тек е најава на промена на македонскиот Устав како и воведување на албанскиот јазик како рамноправен, што без никаков сомнеж ќе има далекусежни последици и по самиот опстанок на македонската дражва.

Она што е доста важно да се забележи е дека за сето ова време македонските „реформи“ кои требаше да ја приближат земјата кон западната воена алијанса, не постои практично никаков сериозен разговор и внатрешен дијалог помеѓи власта и опозицијата, па со тоа ниту консензус за било кое значајно прашање, што неодоливо потсетува на состојбата во која денес се наоѓа Црна Гора.

Од друга страна, како награда за членството во Алијансата, НАТО на Македонија веројатно и нуди одреден „безбедносен чадор“, како и гаранција дека Македонија ќе остане цела додека постои со силно присуство на Северноатлантската алијанса во земјата.

Во Црна Гора работите се поразлични од ова, поради фактот дека не постои така очигледна поделба на два големи, но сепак различни народи, како Македонците и Албанците во Македонија, но тоа никако не значи дека со тоа работата е помалку опасна. Напротив.

Она што НАТО со помош на домашните извезувачи на работи успеа да постигне во Црна Гора е нешто потенцијално далеку поопасно, а тоа е практично воведување и подгревање на интифада меѓу припадниците на суштински истиот народ, без разлика дали припаднциите на тој народ интимно се чувствуваат како Црногорци или како Срби.

Во таа смисла НАТО на црногорските власти им доаѓа нешто како гаранција за зачувување на црногорската државност и независнот, и тоа не од било кој надворешен непријател, туку парадоксално токму од црногорските граѓани. Ако знаеме дека една држава ја чинат никој друг освен граѓаните кои живеат во истата, тогаш до крај станува јасна перфидната игра на НАТО и Америка на Балканот.

Колку се форсираат поделбите во Црна Гора доволно говори изјавата на претседателот на ДПС Мило Ѓукановиќ, кој во предизборната кампања за локалниот парламент во Беране порача дека само победа на ДПС го „враќа Беране на Црна Гора. По таа логика, некој град или општина доколку не е во власт на ДПС очигледно не треба да се смета за дел од Црна Гора. Треба да се каже дека оваа пракса се однесува на црногорсите граѓани одамна.

Просто е невозможно да се оттргнеме од впечатокот дека планерите на НАТО со насилното всмукување на балканските држави потполно свесно креираат државни провизориуми оптеретени со многу хронични проблеми, како внатрешни така и надворешни, а за чиј елементарен опстанок присуството на Алијансата е од витално значење, што значе дека истата, по потреба, не може лесно да бидат и дестабилизирани, ако не и нешто полошо.

Така да веќе никој не треба да се чуди што Македонија и Црна Гора, како две остро поделени земји со огромни внатрешни проблеми се идеален партнер за Алијансата. Замената за одржувањето на привидната стабилност, новите членки на НАТО во иднина ќе мораат да ја покажат со беспоговорна послушност.

Нема никакви сомнежи дека присуството на отворените или латентните судири за Вашингтон секогаш ќе бидат одлично алиби за негово воено присуство, како на Балканот така и во сите други невралгични точки на планетата. Од аспект на интересите на имеперијата, секако, се работи за идеано креирано опкружување за спроведување на сопствените интереси. Од аспект на новите НАТО партнери во прашање е долгорочно погубна политика.

 

Ненад Зориќ
Спутник

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This