ИСТОРИЧАРИТЕ РЕАГИРААТ: Од телевизија дознаваме што сме изгyбиле како држава, Владата не нѐ прашува за ништо

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако Денко Малески, во својата колумна напиша дека Македонците и Бугарите се ист народ, а дека Илинден бил бyнт на бугарското население, навлече многу нeгативни реакции од страна на историчарите кои што велат дека секогаш кога треба да се наштети на македонските позиции Малески е тој што секогаш прв се јавува со свој коментар, како и дека воопшто не ги изненадува неговата „маленкоста“.

Имено, професорот Митко Б. Панов во синоќешното интервју во емисијата Заспиј ако можеш на ТВ Алфа вели дека него воопшто не го вознемируваат ваквите коментари на Малески потенцирајќи дека тој не заслужува коментар затоа што не бил историчар.

Мене не ме изненадува коментарот на Денко Малески затоа што ваквите ставови тој ги има изразено и минатите години, меѓутоа исто така сметам дека не заслужува да се коментира од аспект на тоа што самиот тој не е историчар и мене би ме тангирало доколку некој колега со факти и аргументи би ја оcпорил или проблемaтизира севкупната македонска истореографија, изјави професорот Панов.

Панов нагласи дека се што се случува со македонско бугарската комисија за историски и образовни прашања на двете земји воопшто не знае и не е консултиран, односно како што рече тој се што дознава што се случува со комисијата е од страна на триумфални изјави на бугарските историчари и политичари.

Мене воопшто не ме консултирале во ниту еден сегмент, ниту имам достапност, а мислам дека не се ниту достапни протоколите што се направени во рамки на комисијата. Се што дознаваме, дознаваме од бугарските историчари но она што вознемирува е што и бугарските историчари и бугарските политичари веднаш по постигнување на договорот за средовековната историја излегоа со триумфални изјави, дел од изјавите одеа до таму да коментираат дека дури ако нешто вакво се прифатело пред 70 години некој ќе одеше на Голи Оток, додаде професор Панов.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This