ИСТОРИЈА ВО МЕЛБУРН: Ѓоковиќ го уништи Надал за рекордна титула на АО!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Новак Ѓоковиќ е нов рекордер на Австралија Опен, откако во убедливо издание го совлада Рафаел Надал со 3-0 (6-3, 6-2, 6-3) и ја освои својата седма титула во Мелбурн, со што му побегна на Федерер и Емерсон, кои имаат по шест трофеи. Воедно, денешниот освоен Грен Слем е 15-ти во кариерата на Србинот и сега се наоѓа на само два од Рафаел Надал и пет од рекордните 20 на Роџер Федерер.

Ѓоковиќ многу подобро влезе во мечот, го освои првиот гем на нула, а потоа веднаш направи и брејк за водство од 2-0. До крајот, Србинот беше сигурен на свој сервис и го освои првиот сет со убедливи 6-3. Во вториот сет, светскиот рекет број еден беше уште посигурен, двапати го одзеде сервисот на Надал, беше недопирлив на свој сервис и по само 77 минути игра веќе имаше предност од 2-0.

И третиот сет не донесе ништо ново, Ѓоковиќ беше доминантен, погодуваше винери и уште на стартот направи брејк и поведе со 2-1, а потоа на свој сервис и го потврди брејкот. Во петтиот гем Шпанецот дојде до својата прва брејк топка, но Ѓоковиќ не дозволи губење на својот сервис и поведе со 4-2. Србинот пак не дозволи нова брејк шанса за Рафа и со нов брејк во деветтиот гем ја потврди победата од 3-0.

Денешната титула на Ѓоковиќ доаѓа точно по 11 години од неговиот прв трофеј во Мелбурн, кој воедно беше и негов прв освоен Грен слем турнир во кариерата. По денешната победа 31-годишниот Ѓоковиќ ќе остане сигурен на првото место на АТП листата и ќе ја зголеми предноста пред своите конкуренти.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This