ИСЧИСТЕНИ ОД ЛИЦЕТО НА ЗЕМЈАТА: Во 2018.година во Сирија eлиминиpaни 23.000 тepopисти!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сириската војска во 2018 година (до декември месец, заб. на прев.) уништи 23 илјади терористи. Притоа е ослободено 387 населено место. Овие податоци ги изнесе началникот на Генералштабот на руската армија Валериј Герасимов на брифингот со странските воени претставници во Москва, пренесува сајтот „Бог рата“.

Според него, во 2018 година сириската армија остварила запазени резултати. Забележлив е значителниот напредок на тактички план благодарение на ангажманот на руските воени инструктори. Успешно се завршени операциите за ослободување на Источна Гута, Хомс и југот на Сирија. „Притоа се уништени 23 илјади терористи. Од радикалните екстремисти се ослободени 387 населени места“, истакна генерал на армија Валериј Герасимов.

При ослободувањето на овие населени места се внимавало да не страда цивилното население. Секогаш прво се инсистирало на мирна демилитаризација по пат на преговори. „Клучна улога имаше рускиот Центар за помирување на завојуваните страни. Во текот на неговото ангажирање се спасени преку 230 илјади луѓе. Покрај нив, евакуирани се и бунтовнички групи кои се префрлени во зоната на деескалација Идлиб и Џарабулус“, истакна началникот на рускиот Генералштаб Герасимов.

Во преговорите преку 40 илјади непријателски борци преминале на страната на сириската армија. Притоа предале околу 650 единици различна борбена техника.

Извор
RussiaBeyond

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This