Италија разви успешна вакцина доволна со само една доза

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вакцината против коронавирус развиена од римската компанија за биотехнологија „РеиТера“ е безбедна, изјави денеска научниот директор на болницата за заразни болести, Спаланзани Џузепе Иполито.

Ова го рече на презентацијата на резултатите од првата фаза на вакцината ковид-19 и посочи дека досега вакцината е тестирана на 100 лица и дека 45 од нив биле вакцинирани со различни дози и дека ниту една немала негативни ефекти или несакани ефекти 28 дена по вакцинирањето, пренесува Анса.

Како што се наведува, тоа е подобар резултат во споредба со вакцините на компаниите Модерна и Фајзер, кои имале несакани ефекти.

„Врвот на производство на антитела останува константен четири недели и се прима една доза на вакцина“, рече Хиполито, додавајќи дека вакцината произведува антитела кон вирусот во 92,5 проценти од случаите.

Претседателот на Реи Тера, Антонела Фолгоре, рече дека компанијата планира да произведува 100 милиони вакцини годишно, и дека вакцината е стабилна на температури од два до осум степени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This