Итна инспекција во „Астра Зенека“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На барање на Европската унија, белгиската медицинска агенција започна истрага за фабриката АстраЗенека во близина на Брисел, поради ескалацијата во намалувањето на испораките на вакцини во ЕУ.

Инспекцијата отишла во локалната белгиска фабрика за вакцина против коронавирус, за наводно да утврди дали “навистина технички проблеми довеле до намалување на испораката” или станува збор за праќање на вакцини во други држави.

Властите во Белгија направиле инспекција во фабриката, а точната причина се уште се утврдува.

Од управата тврдат дека до застојот дошло поради проблеми во производството.Медиумите јавуваат дека Европската комисија ја повикала белгиската влада да прати инспекција во фабриката.

Медиумите пишуваат дека европските службеници се под голем притисок, а факт е дека вакцинацијата во некои земји се спроведува многу побрзо, додека некои воопшто не ни дошле до вакцината.

Моментално Израел се наоѓа меѓу земјите со најефикасен програм на имунизација на населението и ќе има повеќе дози од тоа што може да го употреби, додека земјите од ЕУ имаат голем проблем со набавката на вакцина, посебно откако двата главни доставувачи, “АстраЗенека” и “Фајзер”, најавиле одложување на нарачките.

Европската комисија неодамна објавила план со кој до лето е планирана вакцинација на 70 проценти од возрасното население на ЕУ, што сега се доведува во прашање.

“АстраЗенека” минатата недела објавила дека планира да ги намали своите претходно договорени испораки кон ЕУ од 80 на 31 милион дози вакцини.

Официјален Брисел смета дека намалената испорака на вакцината е последица на можни неограничени испораки на земји кои не се членки на ЕУ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This