И АЛБАНЦИТЕ БАРААТ PEBИЗИЈА НА МАКЕДОНСКАТА ИСТОРИЈА: Peвизијата на историските факти за Албанците е неопходна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заедничките комисии меѓу Македонија и Грција, како и Македонија и Бугарија, продолжуваат да ги испитуваат историските факти кои можат да бидат спорни за страните. Нивната активност е резултат на договори постигнати по многугодишните спорови и историски и културни факти кои евентуално може да се искривени. Сепак, таков чекор се уште не е превземен за прашањата кои се занимаваат со албанската историја, иако историски книги кои циркулираат во земјата често предизвикаа бројни реакции, токму поради искривувањето на фактите. Историчарот Веби Џемаили проценува дека исто како и со другите држави треба да се работи и со Албанците, пишува АлсатМ.

– Ќе треба да се прегледаат неколку точки каде што се допира нашата историја, нашето национално прашање, ќе треба да бидеме одлучни, подготвени и ќе треба да учествуваат експерти од различни области, кои се достојни да ги заштитуваат националните интереси, нашата национална историја”- истакна Веби Џемаили, историчар.

Според Џемаили, процесот на peвизија на историските факти ќе ја помогнеше соработката со историчарите од Албанија и Косово, но според него и албанските универзитети во земјава имаат спремни кадри.

– Ќе биде многу драматично ако ние прифатиме во оваа држава да се признае само словенската историја и да не се признава и албанската историја, затоа тука треба да бидеме многу внимателни да бидеме и паметни, далекусежни и визионери за да не не избрише некој од историската земја, каде што имаме древна историја и древен јазик на овие територии во Македонија”, рече историчарот Веби Џемаили.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This