„И Ахмети, Груби, Османи, Џафери, вака да ги апсите“: Врие јавноста по апсењето поради бадниковиот оган

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Низа реакции по пофалбата на МВР дека во скопското село Орман била уапсена група од десетина лица кои палеле бадникарски оган. Граѓаните, меѓу кои и новинарите реагираат за селективното постапување на полицијата, која вчера не ги казни функционерите на ДУИ кои славеа роденден на Али Ахмети во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, пишува Скопје1

„Јас мислам редно време е да се престане со глумење лудило. 15 функционери ви се собраа со торта у сред министерство и правеа приватна прослава, со слики, со се – не реагиравте. Па овие барем на отворено биле, пример за овие пријателите ваши. Очекувам и Ахмети, Груби, Османи, Џафери, вака да ги апсите. Нели, законот е еднаков за сите. Ај да видиме“, стои во една објава на „Фејсбук“.

Критики и комични статуси има и од Божидар Божиновски, кој ја искоментира акцијата на МВР.

„Викни го Артан Груби на оган и ич не се секирај за казна“, напиша Божиновски, а потоа додаде: ‘Приведени 10 души во село Орман за непочитување на мерките за справување со Ковид – 19’ Сигурно се овие од роденденот на Али. Уште 5 се во бегство ама кај ќе одат, кој му избегал на Оливер! Свака част“.

Инаку, МВР уште истражува дали фунционерите на ДУИ кои славеа со торта, без маски во затворени простории, ги прекршиле протоколите за заштита од коронавирусот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This