И БУГАРИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА СО СВОЈ КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ: ГДУ и ВМРО-НП со заеднички кандидат за претседател – Георгиевски, Рафајловски и Трендафилов во игра

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

ВМРО Народна на Љубчо Георгиевски и Граѓанско-демократската унија на Петар Колев разговараат на претстојните претседателски избори да настапат со заеднички кандидат, дознава Плусинфо од партиски извори.

Според нивните анализи, од имињата кои се форсираат во јавноста, реално досега нема десничарски кандидат за функцијата шеф на државата. Поради ова, ВМРО-НП и ГДУ преговараат на претседателските избори да истрчаат со кандидат од десничарска провиниенција.

Според наши извори, заедничкиот кандидат ќе се избира помеѓу претседателот на ВМРО-НП и основач на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски, професорот на Електро факултет и поранешен амбасадор на Македонија во Германија, проф. Горан Рафајловски и поранешниот портпарол на Министерството за одбрана и Владата на Георгиевски, Ѓорѓи Трендафилов, кој во моментот е претседавач на Националниот Комитет на ГДУ.

Засега нема информации дали Георгиевски во меѓувреме се премисли, бидејќи тој неодамна во телевизиско интервју рече дека ВМРО-НП не размислува да настапи на претседателските избори, но дека партијата ќе учествува на евентуални предвремени парламентарни избори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This