И ВИКАТЕ ТЕСТИРАЛЕ: Македонија на 37 место од 48 држави во Европа по бројот на тестирани од кopoнавирус

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонија со тестирање на лицата заболени од корона вирус започна на 15 февруари, единаесет дека пред во нашата земја да биде регистриран првиот заболен од новиот вирус. Заклучно со 10 април тестирани се вкупно 8.552 материјали (детектирани 854 позитивни лица) во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS- CoV-2.

Со ова во Македонија се направени 4.133 теста на 1.000.000 жители, информираат од Институтот за јавно здравје.

Најмогу тестирања се направени во Институтот за јавно здравје 5649 од кои 724 биле позитивни, потоа следи клиниката Жан Митрев со 2192 теста од кои 92 биле позитивни. Скрининг се правел и на Ветеренираниот факултет, вкупно 180 од кои 10 позитивни, а скрининг во Авицена бил направен 177 пати покажувајќи вкупно 9 позитивни. Во лабораторијата Биотек направени се 354 теста од кои 19 биле позитивни.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера најави дека во текот на неделата во функција ќе се стават две дополнителни лаборатории – лабораторијата во МАНУ и во Институтот за судска медицина со што ќе се скрати времето на чекање на резултатите од тестовите за коронавирусот.

-Со ова капацитетот на бројот на тестирања во текот на денот се зголемува за 50 до 100 со што практично ќе се елиминира долгото чекање на резулати, со оглед на големиот број брисеви што стигнуваат во лабораторијата на ИЈЗ, рече Филипче.

Според последните податоци од „ворлдометер“ од 14 април, Словенија убедливо води со 17,291 тестирања на 1 милион жители, речиси за три пати повеќе од Турција која спровела 4,868 тестирања. Во Црна Гора извршени се 4,568 тестирања, Хрватска 4,333 тестирани. Грција извршила 4,165 тестирања, потоа следува Македонија со 4.133 тестрања, во вториот дел од табелата. После нашата земја по бројот на тестирања на 1 милион жители следуваат БиХ со 3,539, Бугарија со 2,663, Србија 2,399, а најмалку тестови се извршени во Албанија 1,496.

Во Европа од 48 држави Македонија се наоѓа на 37-то место по бројот на тестирани жители

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This