И ДЕНЕС СМЕ „ШАМПИОНИ“: Македонија и денеска има град кој е меѓу 10-те најзагадени во Светот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Градови од Македонија втор ден по ред се на листата на најзагадените во Светот. По Куманово, на ред е Скопје.

Вчера Куманово го освои првото место според загаденост во светски рамки. Во неколку наврати загадувањето беше повисоко од дозволените гранични вредности. Кумановци се жалеа дека се шири непријатна миризба во повеќе делови од градот.

Граѓаните реагираа на социјалните мрежи, споделувајќи фотографии од апликацијата и бараа од властите да преземат нешто.

Денеска пак, Скопје од 7-ма позиција утринава, „падна“ на 10 место околу 10 часот.

Инаку, со намалувањето на температурите, се очекува и загаденоста да биде зголемена.

Македонија речиси секоја година има проблеми со загаденоста, особено во градовите Битола, Тетово, Скопје, Куманово, но загаденост е присутна и во другите градови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This