И еколошките налепници на возилата уште една пpoпадната мepkа на власта

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пристигна сезоната на аерозагадувањето, но Владата иако многу ветуваше не направи ништо за почист воздух. И покрај тоа што Владата како еден од приоритетите се фалеше дека ќе биде чистата животна средина, а со тоа и изнаоѓање решенија и правилни политики за намалување на аерозагадувањето кое во Македонија достигнува алармантни нивоа, секој ден се потврдува дека Владата се грижела само за сопстевениот рејтинг пред избори а потоа заборава на дадените ветувања и ништо не превзема за реализирање на истите.

Покрај пропаднатиот проект со инвертерите коj имаше за цел социјално загрозените граѓани да дојдат до еколошки грејни тела наместо да се греат на дрва и дочекувањето на грејната сезона со расипани мерни станици, изгледа дека пропадна и мерката со еколошките налепници кои требаше да ги класифицираат возилата според степенот на испуштање издувни гасови.

Од Министерството за економија за Мета.мк потврдиле дека црвените, жолти и зелени налепници кои требаше да ги класифицираат возилата не се функционални, а од таму не знаат да одговорат ни до кај е процедурата за вакво нешто со што се потврдува дека истата е заборавена.

Инаку Програмата на Обединетите нации за животна средина минатата недела го објави првиот Глобален извештај за „Половни возила и животната средина“, а Македонија во овој Извештај е рангирана како земја со „слаби“ политики за регулирање на увозот на половни возила, што е уште еден доказ дека активностите во оваа насока стагнираат.

За потсетување, Владата преку „Програмата за чист воздух“ ветуваше дека со активностите кои се предвидени во програмата до 2020 ќе се намали загаденоста на воздухот во Скопје за цели 50%, а во другите градови од 30-50%.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This