И миниcтepкaтa зa oбpaзование на САД си поднесе ocтaвкa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерката за образование на САД, Бетси Девос синоќа приложи писмо до претседателот Доналд Трамп, во кое го извести за нејзина оставка, последна во низата слични оставки по заверашниот упад и насилствата во Капитолот на САД.

– Треба да ги издвоиме и славиме многуте успеси на вашата Администрација во име на американскиот народ. Наместо тоа оставени сме да го чистиме безредието предизвикано од демонстрантите кои упаднаа во Капитол, во обид да го поткопаат тоа што не е нивна работа, напиша Девос.

– Ова однесување е несфатливо за нашата земја. Без сомнеж, Вашата реторика влијаеше на ситуацијата, и тоа е преломна точка за мене, наведува министерката во писмото.

Девос е прв скретар од Стејт департментот што ја осуди насилничката толпа на Капитол Хил.

Таа е едно од повеќето официјални лица во Вашингтон кои ја напуштаат Администрацијата. Претходно оставка поднесе и секретарот за транспорт, Елејн Чао, сопруга на сенаторот Мич Меконел, републиканец, а поради немилите случувања во американската престолнина, од функција замина и Мик Молвејни, специјален претставник на САД за Северна Ирска.

Оставки поднесија и Метју Потингер, заменик на советникот за национална безбедност на претседателот, Сара Метјус, заменик прес секретар во Белата куќа, Тајлер Гудспид претседавач на Советот за економски советници на Белата куќа, Стефани Гришам, шеф на кабинетот на првата дама Меланија Трамп, и неколку други членови на администрацијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This