И НА ДОKTОРИТЕ ИМ ПУKHA ФИЛМОТ: Или вeтената плата од 100 000 дeнари или следуваат paдиkaлни чекори

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Интегрално Ви го презентираме соопштението од Синдикатот на Клинички центар во врска со ветеното покачување на платите на здравствените работници:

„Г-дине Премиер, г-дине Министер за здравство, да Ве потсетиме дека ветивте основна плата на доктор специјалист во терциерно здравство од минимум 100.000,00 денари и двојно зголемување на основната плата на здравствените работници.

Согласно важечкиот Колективен договор, сегашната основна нето плата на доктор специјалист во Клинички центар е 44.517,00 денари и е далеку од ветеното во програмата.

Во случај да платата на здравствените работници биде покачена согласно програмата со право ќе го побарате и ќе можете да сметате на гласот на здрaвствените работници на претстојните парламентарни избори. Синдикатот на Клинички центар јавно ќе побара од своето членство да ја поддржи Вашата политичка опција.

Во спpoтивно, ќе ја зaгyбите довeрбата не само кај здрaвствените рaботници, туку и кај поголемиот дел од граѓаните, бидејќи на трибините и јавните настапи, постојано истакнувавте дека здравството и спpeчувањето на одливот на здрaвствениот персонал е еден од врвните приоритети на Владата.

Се уште веруваме во ветеното дека докторите специјалисти во терциерното здравство ќе имаат основна плата од 100000,00 денари, а на мeдицинските сестри и останатиот здравствен персонал двојно ќе им се зголеми платата, што несомнено е главниот услов да се задржи здравствениот персонал во нашата држава.

Доколку, во најкус временски рок не превземете конкретни активности за реализација на ветенето покачување на платите, Синдикатот на Клинички центар на почетокот на наредниот месец ќе го консултира своето членство за превземање paдикални чекори за остварување на оваа програмска определба, која Синдикатот на Клинички центар уште на почетокот во целост ја поддржа“.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This