И ОВА ЛИ ЌЕ ГО ИЗБРИШАТ: Одбележана 75-годишнината од формирањето на Првата македонско-косовска пролетерска ударна бригада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Општинската организација на Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца  и локалната самоуправа на општина Дебрца денеска ја одбележуваат 75-годишнината од формирањето на Првата македонско-косовска пролетерска ударна бригада.

Програмата за одбележување на јубилејот предвидува повеќе активности, меѓу кои  положување цвеќе на споменикот во селото Сливово, со пригодни обраќања и историски час за борбениот пат на бригадата и нејзиното значење во конечнот ослободување на земјата од фашистичкиот окупатор. Потоа е предвидена посета на спомен-домот во Сливово.

Цвеќе ќе биде положено и на споменикот на паднатите борци во НОБ во селото Белчишта, како и пред паметникот на Трајче Дојчиноски.

Потоа следува посета на Ликовната изложба во ОУ „Дебрца“ во Белчишта, а свеченостите ќе бидат заокружени со свечена програма по повод Патрониот празник на училиштето.

Првата македонско-косовска бригада е формирана на 11 ноември 1943 година кај селото Сливово, во атарот на Општина Дебрца. Броела 700 борци од батаљоните „Мирче Ацев“, Крушевскиот батаљон, Првиот косовско-метохиски батаљон „Рамиз Садику“ и Вториот косовско-метохиски батаљон „Боро Вукмиривиќ“. Таа била многунационална воена единица, во чиј состав имало Македонци, Албанци, Срби, Црногорци, Словенци, Италијани.

Latest News

Discover the Best Bets with FB88 Login

Are you tired of constantly searching for the best bets when it comes to online gambling? Look no further...

More Articles Like This