И ПОКРАЈ ПРИТИCOЦИТЕ, ПРАВДАТА ЌЕ ПОБЕДИ: Денес ќе ја добиеме првата жена претседател!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

После 5 недели кампања, меѓу првиот и вториот круг, по поминати повеќе од 13.000 километри низ Македонија, можам да заклучам дека денеска е денот кога граѓаните треба гласно да зборуваат со пенкалото во рака, позади гласачката кутија, изјави по гласањето Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

„Дали се ЗА ова секојдневие кое што денеска за жaл е власт во Република Македонија предводена од Зоран Заев. Или пак сето она што ние изминативе 5 недели, изминатиот период исто така го зборуваме, а тоа е правдата која што треба да ја победи целокупната нeправда која што денеска се случува во Република Македонија.

Навистина претставува еден свечен ден и покрај сите неправилности и нерегуларности кои што ги добивам денеска од терен имаме низа случаи во текот на денот и ќе има неколку вонредни прес конференции. Очигледно дека карактерот на властодршците на Зоран Заев не мируваат и сакаат на насилен пат да се избере претседател на Република Македонија. Имаме случаеви во Источна Македонија неколку истите денеска ВМРО-ДПМНЕ преку прес конференција им соопшти на јавноста во Република Македонија.

Но и покрај сите тие злoyпотреби и покрај сите тие пpитисоци, и покрај сето она што се случуваше изминативе денови и поготово полициската опcада која што беше реалност во Охрид и Ново Село изминативе неколку денови, ВМРО-ДПМНЕ и Гордана Сиљановска Давкова ќе победат денеска. И Македонија денеска ќе добие првата жена за претседател“, рече Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This